Контакт

Култура

Вечерва, во Музејот на современата уметност се отвора самостојна изложба на Албан Муја

Објавено пред

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски.

dobivaj vesti na viber

Албан Муја (1980, Република Косово) создава видеоинсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествена, политичка и економска трансформација во неговото родно Косово и на Балканот. Преку својата пракса ги истражува историјата и општествено-политичките теми поврзувајќи ги со неговата моментна позиција во Косово.

Изложбата на Албан Муја во МСУ – Скопје прикажува избор од неговите дела во периодот од 2016 до 2023 година. Замислена како обид за поврзување комплементарни дела, кои ја прикажуваат и критички ги опсервираат споделената состојба и нашите заедничка засегнатост преку границите, изложбата е фокусирана на секојдневието и на искуството на ситуација на принудна транзиција и продолжена неизвесност.

Уметничката практика на Албан Муја истражува разни аспекти на структурите, кои ги дефинираат националните, идеолошките, идентитетските и егзистенцијални прашања, кои не се толку очигледни. Неговите дела се повеќе од само едноставно претставување и раскажување фокусирајќи се исто така на улогата што сликите и медиумите ја имаат во конструирањето и обликувањето на доминантиот наратив, односот кон идентитетот и историјата. Некои од проектите на Муја се фокусираат на нетипични згради, како што се скромните семејни куќи, кои неконтролирано се издигнуваат над покривите. Навлегувајќи во анализирање на овој неконвенционален градски пејзаж и урбаната стагнација и контурите што се развиваат, Муја создава мапа на градот, која истовремено сведочи за потфрлањето на системот, како и за индивидуалниот креативен пристап кон проблемот.

Во динамичен свет, кој е дефиниран со постојана промена, феноменот на нашите општества заглавени се во навидум бескрајна транзиција. Граници, бариери, ѕидови, видливи и невидливи, градење, изградба, обнова, дупки и рабови во законот, или на друго место, транзиција, трансформација, надминување, сè се тоа работи што нè опишуваат и одредуваат.

„Муја ги отсликува и коментира современото општество и неговите тешкотии во многу специфичен геополитички контекст. Употребувајќи критичка позиција во комбинација со иронија и духовитост, неговите уметнички дела се справуваат со горчината на геополитичкиот, општествениот и уметничкиот систем. Имплицирајќи поглед и збир на структурни односи, географски и територијални, уметникот го свртува вниманието кон народите од овој регион – дома, како и во нивните заедници во странство, традиционално вкоренети во градежните работи, феноменот на мигрантскиот труд и проблемот да се биде лишен од социјални алатки, економска и правна сигурност“, вели кураторот Јанчевски.

Муја има прикажано дела и идеи на разни самостојни и групни изложби, вклучително и филмски фестивали и Павилјонот на Република Косово на 58. венециско биенале. На Павилјонот тој ја претстави триканалната видеоинсталација наречена „Семеен албум“, која навлегува во личните и колективните сеќавања на Косовската војна (1998-1999) и ја доведува во прашање улогата што сликите и медиумите ја играат во конструирањето и обликувањето на наративот, идентитетот и историјата во време на конфликт.

Албан Муја ѝ е познат на македонската јавност бидејќи во последната деценија тој учествуваше во неколку значајни изложби, меѓу кои и неговата прва самостојна изложба „Именување“ во 2014 година, курирана од Владимир Јанчевски (SIA – Агенција за сериозни интереси, Скопје), како и меѓународната групна изложба „Сè што ни заедничко“ во 2018 година, курирана од Јованка Попова и Мира Гаќина (МСУ – Скопје).

Изложбата е поддржана од пријателите на музејот „Тиквеш“ и „Хајнекен“ и ќе биде отворена до 28 август 2024 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија

Објавено пред

Од

Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.

dobivaj vesti na viber

Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од Музичката младина младина.

-Се работи за младински оркестар но со искусни музичари. Некои од нив веќе подолго свират во Македонската опера и балет и во Македонската филхармонија. Секогаш е прекрасно чувството да се работи со младина. Тие се секогаш подготвени, секогаш зрели. Годинава за публиката на „Охридско лето“ подготвивме одлична и интересна програма. Имавме еден вид натпревар помеѓу двајцата великани Антонио Вивалди и Астор Пјацола изведувајќи ги нивните годишни времиња, секој од својата доба. Имаше многу убава фузија на звуци. Репертоарот го завршивме со еден, би рекол, бисер на вечерта од нашиот композитор и уметник, Дамјан Темков. Композицијата носи наслов „За една драма“ или „За една дама“, кој како сака може да си ја протолкува. Верувам дека публиката уживаше, вели маестро Еминовиќ.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и Елена Митревска.

Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар, покрај делата од светската класика, свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори.

Веќе 38 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Прикажи повеќе...

Култура

Саем на книгата во рамките на „Битфест“

Објавено пред

Под слоганот „Светот во страници“, во рамките на Битфест 2025, беше отворен саемот на книги, под платото на Народниот театар во Битола.

dobivaj vesti na viber

Седум учесници, со свои штандови и различна литература, ќе го доближат пишаниот збор до секоја генерација, преку ликовите за најмладите, до литература која ги задоволува вкусовите на најприбирливите читатели. Со сопствен штанд со книги е застапена и НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, а меѓу излагачите се и „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“ и „Збор“.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека патувањето низ страниците на пишаниот збор е вистинско патување кон себе си, надежта, кон непознатото, но и кон научните достигнувања и стручните, експертски анализи. „Вечерва со отворањето на овој Саем на книги, битолската ризница на научната мисла и пишаниот збор НУУБ „Свети Климент Охридски“, активно работи на доближување на пишаното богатство, до сите наши сограѓани, а пред се до нашите најмлади, кај кои мораме сите заедно да ја поттикнуваме љубопитноста, а со тоа да ги поттикнуваме да читаат, зошто нели и нивниот омилен херој – Спајдермен – чита.

Битола е град со голема културна историја, а многу битолчани се веќе докажани читатели, зошто книгата е нашата најмоќна врска со минатото, со сегашноста, но и со визијата за иднината. Затоа, на овој настан, создаваме можности, но славиме и идеи, мисли, соништа и светови што се отвораат преку читањето. Од срце им благодарам на организаторите, на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, и на сите учесници, кои вложија љубов и ентузијазам во оваа приказна што верувам ќе трасира нови патишта на животен напредок, кај секој оној што ќе избере добра книга од богатиот избор на наслови на овој саем“, рече Коњановски.

Пред присутните се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Емилија Стефановска Давкова. Саемот на книги ќе биде отворен за сите посетители до 1 август, кои по саемски цени можат да ги набават своите омилени дела.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на Сашо Блажес „Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Објавено пред

Од

Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде отворена на 01 август со почеток во 20 часот, во Куќата на Робевци.

dobivaj vesti na viber

После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.

Изложбата го носи насловот „Нурни во мене“, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје.Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германиј, Романија и Австрија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Македонија8 часа

Повторно се разгоре на Готен, шест пожари активни во државата

Денес попладне повторно се разгоре пожарот над селото Подареш на планината Готен од радовишка страна, информира директорот на ДЗС, Стојанче...

Свет9 часа

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“, туристите заглавени

Сите летови на главните аеродроми во Велика Британија се приземјени поради „откажување на радарот“ на контролата на воздушниот сообраќај. Илјадници...

Топ10 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија11 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ13 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија14 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија16 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија16 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет18 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија18 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ18 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет19 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет21 час

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет22 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија1 ден

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија1 ден

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет1 ден

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија2 дена

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...