Сè се менува во животот. Луѓето доаѓаат и си одат, околностите се менуваат, а ветувањата честопати се забораваат побрзо отколку што се даваат. Но, постојат оние ретки, посебни луѓе кои остануваат. Луѓе кои стојат покрај тебе дури и кога не си во право, кои те бранат кога никој друг не го прави тоа и кои никогаш, ама баш никогаш не те изневеруваат.
Ако веруваме во астрологијата, некои хороскопски знаци едноставно се родени за да бидат верни до крај. Кои се овие чувари на врската, емоционални штитови и пријатели кои би сакале да ги имате покрај себе во секоја животна бура?
Бик
Бикот не влегува лесно во врските, но штом ќе пуштат некого во нивниот свет, тоа е засекогаш. Неговата посветеност не е гласна или драматична – таа е тивка, стабилна и непоколеблива. Можеби нема да зборува за тоа колку му значите секој ден, но тоа ќе го покаже со своите постапки.
Ако некој Бик ве сака, тој ќе застане покрај вас дури и кога сите ќе заминат. Не сака промени, не сака изневерување и не заборава лесно – па ни луѓето што ги сака. Иако е тврдоглав, Бикот е верен токму поради тоа – кога ќе одлучи дека му е грижа, се држи до тоа. До крај.
Рак
Ракот е знак за кој врските се сè. Семејството, пријателите, партнерите – секој е под неговото заштитно крило. Тој не само што ќе ве сака, туку и ќе се грижи за вас како да сте најскапоценото суштество на светот. И таму нема место за предавство.
Раковите се интуитивни и длабоко емотивни, па нивната лојалност произлегува од чувството на припадност. Ако им го скршиш срцето, ќе страдаат, но и тогаш нема да зборуваат лошо за тебе. Нивната лојалност оди рака под рака со емпатијата, а ако ги имате покрај себе, знајте дека имате чувар кој не се откажува лесно.
Јарец
Ладен и воздржан на почетокот, Јарецот можеби не изгледа како некој што ќе ви биде рамо за плачење. Но, кога ќе се врзе, ќе се врзе одговорно, сериозно и долгорочно. За него не се работи за емоции кои брзо исчезнуваат, туку за принципи и силни верувања.
Јарецот не изневерува, затоа што не си дозволува. Тој го држи својот збор, својата лојалност и луѓето на кои може да се потпре – и за возврат, тој станува некој на кој секогаш можете да се потпрете. Во кризни ситуации не паничи, не заминува и не врти грб. Тој останува. И тоа функционира.