Македонија
Маричиќ: Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики
Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по седми пат.
Воведната сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата” беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.
Во своето обраќање Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.
“10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.”
Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот.
Ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.
,,За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.
За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.
,,Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.
На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на Берлинскиот процес за соработка на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.
Македонија
(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.
ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет“.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, нагласуваат од ЦУК, е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.
„Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.
Состојбата, според ЦУК се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.
„Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции“.
Фото: принтскрин

