Скопје
Отстранета обемна дива депонија на улицата Московска во Карпош

Во текот на изминатите неколку дена повторно е забележано зачестено одлагање отпад на јавни површини во скопската општина Карпош. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска подигнаа и транспортираа приближно четири кубни метри отпад од дива депонија составена претежно од мешан комунален отпад и отпад од амбалажа и пакување, лоцирана на улицата Московска.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до жителите на оваа скопска општина внимателно и совесно да постапуваат со својот отпад и да не го одлагаат на јавни или сообраќајни површини затоа што таквото однесување директно придонесува за загадување на животната околина.
Доколку граѓаните имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им ја нуди можноста да ги одложат без плаќање надоместок во центарот за селекција лоциран токму во општината Карпош, секој ден во неделата, од 9 до 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)