Скопје
Дел од Кисела Вода без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици:
„Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“, додека останатиот дел од населбата (односно потегот во близина на наведените улици) ќе биде со намален притисок од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Сите овие улици се во општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“ во општина Илинден
Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.
Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција на тротоар во должина од 450 метри како и зафаќање на атмосферските води од коловозот. Улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места. За време на реализација на градежните работи на улицата е воспоставен времен режим на сообраќај, кој го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Филип инжинеринг Дооел Скопје.
„Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење“, велат од Општина Илинден.
Скопје
Ѓорче Петров ќе добие нова катна гаража
Со мнозинство гласови советот на Општина Ѓорче Петров изгласа отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за Градска четврт СЗ 15, Блок СЗ 15.03, за обезбедување локација за нова катна гаража. Ова денеска го соопшти градоналникот на општината Александар Стојкоски.
– По години на недостаток на паркинг простор во Реонскиот центар, конечно се преземаат конкретни чекори за решавање на овој проблем кој го мачи секојдневниот живот на жителите, порача тој.
Катната гаража ќе биде лоцирана непосредно до Реонскиот центар, на местото кое сега се користи како паркинг, и ќе обезбеди повеќе паркинг места!
– Ова е само дел од напорите на општината да ги подобри условите за живот и инфраструктурата во нашиот град, додаде Стојковски.
Скопје
Ѓорѓиевски: Салата „Партизан” во Чаир ќе биде темелно реновирана и повторно ќе си го врати својот сјај
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата “Партизан” во Чаир. Најавија дека овој спортски објект, кој оставен на забот на времето, се наоѓа во катастрофална состојба, ќе биде темелно реновиран и повторно ќе го врати својот сјај. Претседателот Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерот Борко Ристовски за неговиот ангажман за рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот, што овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини.
-Особено ме радува фактот што покрај култната сала “Расадник” во Кисела Вода и овој спортски објект ќе биде темелно реконструиран и повторно ќе го врати својот сјај. Реновирањето на салата “Партизан” ќе значи многу за сегашните и идните спортисти. По завршувањето на градежните активности, ќе добиеме репрезентативен објект, што ќе создаде услови за подобро спортување и развој на младите таленти. Сакам да упатам голема благодарност до Министерот Борко Ристовски за посветената работа и за вниманието што го посветува на рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот. Овие инвестиции не само што овозможуваат обнова на спортската инфраструктура во сите општини, туку и создаваат услови за развој на здравa и активнa младина, која е темел на нашата иднина-изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.