Црна хроника
Измамен тетовец, уплатил 1.350 евра за да купи багер што не постои
Вчера во 12.00 часот во СВР Тетово, 28 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.
Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10. и 11.06.2024 ги уплатил парите.
Како што е пријавено, пред да го пријави настанот се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен жител на Таринци, кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на татко му
Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип.
Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.
По целосно документирање на случајот, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Насилство во две основни училишта во Скопје – полицијата работи на расчистување на случаите
Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот.
На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Скопје пријавил О.М. (44) од Скопје дека на 24 ноември, околу 09:00 часот, во училница на основно училиште во Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. И за овој настан се преземаат мерки за понатамошно расчистување.
Топ
Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“
Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

