Спорт
Јапонец е првото засилување на Баерн во ерата на Компани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Untitled-2-1.jpg)
Баерн Михен по испробан рецепт ќе ги вади флеките од штотуку завршената сезона, По 12 години Баерн заврши сезона без освоен трофеј. И не само тоа во Бундес лигата заврши зад шампионот Баер Леверкузен и Штутгарт.
Кога чувствува немоќ пред конкурентите, Баерн купува од нив. Според германските меиуми прашање на денот е кога капитенот на Баер, Џонатан Та ќе се пресели во Минхен.
Додека се чека овој трансфер да биде завршен, Баерн го претсѕави првото засилување во ерата на новиот тренер Венсан Компани.
Од редовите на Штутгарт, за 28 милиони евра во Минхен пристигна 25-годишниот Јапонец, Хироки Ито.
Овој транфсер и оној што треба наскоро да биде реализиран ќе значи крај за Матијас Де Лихт во Баерн, а веројатно и за Дјот Упамекано.
Штутгарт остана без клучен играч, но за утеха заработија повеќе кратно. Штутгарт го донесе Ито од Џубило Ивата за 500.000 евра. Три години подоцна, клубот заработи 60 пати повеќе од сумата која ја вложи. Ито одигра 97 натпревари за вицешампионот на Германија, постигна два гола и забележа пет асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(ВИДЕО) Синот на Ѓоковиќ стана хит на Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/NOVAKKKKK.jpg)
Stefan Djokovic imitating dad's smash is too cute ☺️#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/TuIDJelNcQ
— Wimbledon (@Wimbledon) July 6, 2024
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со голема поддршка од семејството се пласираше во четвртото коло на Вимблдон.
За време на натпреварот против Алексеј Попирин на трибините беа и неговата сопруга Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
А колку секој поен му значеше на неговиот син, со кој Новак повремено тренира и се загрева, покажа четвртиот сет од мечот кој заврши 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (3).
Се играше тај-брејк кога Новак сервираше за 3:2 и тоа одлично го направи. Доволно за Попирин да ја врати топката веднаш преку мрежата.
А потоа Стефан го привлече вниманието на британската јавност и организаторите на Вимблдон.
Тој покажа како татко му ја удира топката, имитирајќи го Новак кон крајот на еден не толку лесен натпревар. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Холгер Руне, кој во пет сета го совлада Квентин Халис.
Спорт
Кошаркарите на Бразил го потврдија пласманот на Олимписките игри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kaboklo.jpg)
Кошаркарите на Бразил ја совладаа Летонија со 94:69 во финалето од квалификациите за Олимписките игри.
Со овој триумф избраниците на Александар Петровиќ обезбедија учество на турнирот во Париз.
Бразил на Олимпијадата ќе биде во групата Б со Франција, Германија и Јапонија.
Бруно Кабокло го предводеше бразилскиот тим до победата со 21 поен и четири скока, Лео Мејндл имаше поен помалку и осум скока.
Жоргињо Де Паула со 14, Марселињо Хуертас и Гуи Сантос постигнаа по 12 поени. Јаго дос Сантос за нешто повеќе од седум минути на паркетот постигна три поени и две асистенции.
Во литванскиот тим се истакнаа Рихардс Ломаш со 15 поени и пет скока, Роланд Смитс со 14 поени, исто колку и Артурс Жагарс.
Кошаркарскиот натпревар на Олимписките игри ќе се одржи од 27 јули до 10 август.
Спорт
Најстариот играч во историјата на EП 2024 остана без договор!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/EU.jpg)
На Европското првенство во Германија, еден од најдобрите стопери на 21 век Португалецот Пепе, на возраст 41 година стана најстариот играч во историјата на Европското првенство.
Во четвртфиналниот пораз од Франција, тој го одигра последниот натпревар во националниот дрес и на тој начин најверојатно се збогуваше со репрезентативните обврски.
На оваа возраст секој натпревар може да биде последен, а Португалецот доживеа нов тежок удар по болната елиминација од ЕП 2024.
Имено, португалскиот гигант Порто одби да ја продолжи соработката со легендарниот стопер, а поранешниот ас на Реал Мадрид остана без договор.
По пет години минати во град на северот на Португалија, дојде време Пепе по втор пат да го напушти својот сакан клуб, но овој пат не по своја волја.
Пепе за прв пат го облече сино-белиот дрес на самиот почеток на кариерата од 2004 до 2007 година, кога во летниот преоден рок се пресели во Мадрид.
Со оглед на тоа дека легендарниот фудбалер веќе наполни 42. години, прашање е дали стоперот ќе успее да најде нов ангажман или ќе се збогува од фудбалот по долгата 22-годишна кариера и 33 освоени трофеи.