Спорт
Борусија Дортмунд експресно брзо најде нов тренер

Борусија Дортмунд брзо најде нов тренер. Станува збор за Нури Сахин, 35-годишен поранешен играч на Борусија и Реал Мадрид. Турчинот играчката кариера ја заврши пред две години во турски Анталијаспор, каде остана да работи како тренер, а потоа и како спортски директор. Сахин е наследникот на Един Терзиќ кој пред неколку дена се прости од клубот. Сахин беше помошник на Терзиќ половина година и учествуваше во походот до финалето на Лигата на шампионите.
„Голема чест е да станам тренер на Борусија. Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот кои ми ја дадоа довербата. Со нетрпение ја очекувам работата. Од првиот ден ќе направиме се што можеме со многу енергија и страст да го постигнеме максимумот“, изјави Нури Сахин по потпишувањето на договорот.
Тој ги одигра своите најдобри игри за Борусија Дортмунд. Настапи на 274 натпревари и постигна 26 голови. Играше на позицијата централен играч. Со Дортмунд го освои Купот на Германија во 2017 година и шампионатот во 2011 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.
Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.
Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.
Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.
По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.
Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.
Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.
foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
Богати премии ќе добијат играчите на Црвена звезда ако се пласираат во ЛШ

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте.
Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување.
Доколку успеат во ова, фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии. Според информациите на „Спортклуб“, играчите на Звезда кои ги играат главните улоги ќе бидат наградени со по 100 илјади евра. Премиите наводно ќе се зголемат на 120.000 евра ако се квалификуваат во Лигата на шампионите без продолженија и пенали.
Доколку Црвена звезда испадне, ќе оди во главната фаза на Лигата на Европа, додека Пафос ќе игра во главната фаза на Лигата на шампионите.
Учеството во групната фаза на Лигата на шампионите носи многу пари. Црвена звезда минатата сезона освои шест бода во осум натпревари и го освои 29-то место во конкуренција на 36 клуба. Од УЕФА заработи 32 милиони евра, а тоа не ги вклучува парите што клубот ги заработил на натпреварите што ги одигра на домашен терен.
Во јули оваа година, генералниот директор на белградскиот клуб Звездан Терзиќ потврди дека настапот во Лигата на Европа ѝ носи на Црвена звезда околу 15 милиони евра, односно половина од она што го носи пласманот во Лигата на шампионите.