Скопје
Општина Ѓорче Петров доби две нови фудбалски игралишта
Општина Ѓорче Петров за краток период заврши со реализација на два значајни спортски проекти од кои придобивки ќе имаат сите жители на општината.
Задниот дел од дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ доби сосема нов спортско-урбан лик со изградба на новото фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м. Игралиштето ги исполнува сите услови за рекреација и одржување на школската настава по физичко образование.
Завршено е и мини-фудбалското игралиште кај стадионот во Ѓорче Петров на кое најмногу ми се радуваат најмладите жители. Граѓаните од овој дел на Ѓорче Петров имаа навистина голема потреба од вакви игралишта, бидејќи населбата изобилува со млади.
„Општината и во следниот период ќе продолжи со инвестирање во спортска инфраструктура“, велат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

