Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со засилени активности за расчистување по вчерашното невреме
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови, што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје.
Во координација со Град Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат во сите скопски општини, комплетно се расчистени и прооднки булеварот 16. македонска бригада во општина Гази Баба, булеварот Никола Карев (т.н. пластичарска улица), подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, а во моментот во тек е расчистување на кружниот тек Беласица. Екипите на претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот, кои беа изместени во текот на невремето.
„Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен“, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.
Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, велат од Општината.

„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот, велат од Општината.

„Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.
Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината“, се додава во соопштението.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.

