Спорт
(Видео) Кошаркарски експерти: Синот на Леброн не е за во НБА лигата
Американските кошаркарски стручњаци, му дадоа лоша оценка на синот на Леброн, Брони Џејмс пред НБА драфтот. Драфтот ќе се одржи на 26 јуни во Њујорк.
Американските медиуми често пишуваа за Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, кој од УСЦ Универзитетот бара шанса во НБА. Медиумите долго шпекулураа дека тимот што ќе го добие Брони на драфтот, во пакет со него ќе го добие и неговиот славен татко Леброн.
Сепак, кошаркарските стручњаци оваа година го рангираа Брони Џејмс на 72-то место, што генерално се смета за едно од најлошите во последните многу години.
Да потсетиме, НБА драфтот има 60 позиции, а Брони Џејмс е рангиран 12 места подолу од последниот пик…
„Мораме да бидеме искрени. Никој не би го погледнал Брони Џејмс како НБА перспектива, доколку неговиот татко не е Леброн Џејмс. Тој не е за НБА. Не е подготвен. Му требаат уште најмалку две години работа на пониско ниво за да се развие и за тоа му треба топката во раце и многу минути што би значело најмалку две години во развојната лига, ако ме прашате мене, не вреди да се инвестира во него, затоа што може да добиете 3&Д играч (путира тројки и игра одбрана). Не можам да го рангирам надвор од најдобрите 75 на драфтот бидејќи е интелигентен и има сјајни атлетски предизпозиции. Сепак, тој не е близок до најдобрите играчи на овој драфт, најдобро би било за него да се врати на универзитетот и да се обиде да направи се што е мжно да стане подобар играч“, напиша Сем Весини, НБА драфт експерт за порталот Атлетик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Суспрендиран легендарниот тренер
Легендарниот Аргентинец Марсело Биелса е суспендиран и нема да може да ја предводи репрезентацијата во последното коло од групната фаза на Копа Америка во кое Уругвај игра против домаќинот на турнирот САД.
Причината е што уругвајскиот тим доцнеше на теренот вкупно 90 секунди на претходните два натпревари.
Поради ова невнимание, Биелса сега ќе мора да му го препушти раководството на тимот на еден натпревар на помошникот Пабло Кирога.
Во првите два натпревари Уругвај победи со 3:1 против Панама и 5:0 против Боливија.
Натпреварот против САД ќе го реши победникот во групата.
Биелса со прекар Ел Локо е на чело на Уругвај веќе една година.
Тој е еден од највлијателните тренери и фудбалски мислители на модерната ера. Неговите принципи на напаѓачки фудбал ориентиран со високо темпо и пресинг беа усвоени од многу други тренери и го наведоа него како свој пример.
Спорт
Прво засилување за новиот тренер на Јувентус
Бразилскиот играч Даглас Луиз (26) ја напушти Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, објави италијанскиот фудбалски гигант.
Луиз потпиша петгодишен договор за „Старата дама“, вреден 50 милиони евра. Бразилецот кариерата ја започна во Васко де Гама, а во 2017 година се пресели во Манчестер Сити, кој го испрати на двегодишна позајмица во Џирона.
За Астон Вила во 2019 година. „За време на неговиот престој во Бирмингем, Даглас Луиз стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, постигнувајќи 22 гола и давајќи 24 асистенции во неговите 204 натпревари“, соопшти фудбалскиот клуб Јувентус.
Даглас Луиз, кој моментално е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка, е првото засилување на новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота кој го наследи Масимилијано Алегри.
Спорт
Холидеј размислува дали да го напушти „Нагетс“
Американскиот кошаркар Џастин Холидеј размислува да го напушти Денвер Нагетс.
Џастин Холидеј е најстариот од тројцата НБА браќа (Џру од Бостон и Арон од Хјустон) и е во Денвер од 2023 година.
Во 2015 година ја освои шампионската титула со Голден Стејт Вориорс, а локалната публика го памети и по неговите игри во дресот на унгарскиот Солнок во сезоната 2013/14.
Според американските новинари од Колорадо, Нагетс најверојатно нема да го продолжат договорот на Холидеј и тој ќе стане слободен агент.
Реџи Џексон веќе ги напушти Нагетс, Кентавиус Колдвел Поуп е во преговори за нов договор, додека Деандре Џордан се верува дека ќе потпише нов минимален договор со Денвер.
Изгледа дека нема да има место за Холидеј на овој список.