Контакт

Топ

МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет

Објавено пред

Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Објавено пред

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата на лекови кои се на товар на државата, министерот Таравари смета дека треба да се прави еднаш годишно.

dobivaj vesti na viber

„Јас чекам само директорот на Фондот да се назначи, затоа кажав за две недели и веднаш, по 15 години, ќе излеземе со нова позитивна листа, која повремено ќе биде ажурирана. Мислам дека таа листа треба да се обновува секоја година, меѓутоа ќе излеземе и со нов закон за лекови, со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата, но истовремено ќе побараме и рационално користење и припишување на лековите. Ни треба период со експертите, можеби и со претставници од сите поголеми политички партии, здравствени комисии, да седнеме да направиме еден закон што ќе биде одржлив и прифатлив за сите во периодот, да речеме, за следните десет години“, вели министерот Таравари.

Целта на измените ќе биде секоја болница во секое време да ги има потребните лекови, но нагласи дека особено ќе внимаваат на злоупотреби на лековите за што смета дека решение е дигитализацијата.

„Ни се случи Онкологија. Јас не би сакал да размислувам или да верувам дека има многу онкологии во Македонија, така што ќе треба интензивно да работиме и на дигитализација на здравството. Евентуално да се стават кодови во лековите за да имаме комплетна контрола и да има заеднички информатички систем за приватните и за државните јавни установи, стоматолошките, фармацевтските, а тука ги вклучувам и лабораториите, комплетно сè да биде дигитализирано и под контрола“, вели министерот Таравари.

Менување на позитивната листа на лекови најавуваа и сите негови претходници, но измени не се направија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог, од кој прозилегоа уставните измени, е всушност репреговарање на договорот за добрососедство. Неговиот коментар следуваше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа ниту со Бугарија за ЕУ.

„Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој е додаток на договорот за добрососедство, односно репреговарање на договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете дека диктати и ултиматуми не прифаќаме, така што ако може договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. француски предлог, не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија“, рече Мицкоски.

Повтори дека не можеме да водиме политика на двојни стандарди. Ако бараме промена во Уставот за неколку стотини наши сограѓани, кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што станува со оние граѓани кај нашиот источен сосед, кои велат дека се дел од македонската заедница, рече Мицкоски.

Никој не е против бугарската заедница, ние ги почитуваме тие неколку стотини наши сограѓани, кои велат дека се дел од бугарската заедница, рече Мицкоски, но бараме од претедателот на Бугарија да ги почитува малцинските и човековите права на македонската заедница таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ поради апетитот за власт. Му посака здравје и конструктивност како опозиционер.

dobivaj vesti na viber

„Јас би кажал дека господинот Ахмети е возрасен човек, за мене – и сериозен човек, кој 22-23 години е на власт, сега му треба малку одмор. Јас му посакувам здравје, пред сè, а потоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти одредени кадри, кои му се веќе кородирани. 22 години да бидеш на власт со исти луѓе што се вртат од една институција во друга е сосема доволно. Првиот тест ќе го имаме во 2025 година, тука се локалните избори, така што нема што друго да кажам, освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство“, изјави министерот Таравари.

Ахмети вчера во Тетово го свика генералниот совет на партијата за да издадат директиви по кои ќе се постапува по изборите од 8 мај. Најави дека ќе ги демонстрираат незадоволството и револтот и дека изборот на Христијан Мицкоски, кој не коалира со победникот во албанскиот блок, не е ниту праведен, ниту добар, ниту продуцира етничка стабилност во државата. Зборувајќи за „Влен“, рече дека не знае што точно се случило во опозицискиот кампус бидејќи тие никогаш и не биле опозиција, туку 22 години биле во власта.

„Што ги натера да ја направат оваа грешка, треба тие да кажат. Апетитот за власт, за комоција или нешто друго“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ вчера не кажа на кој начин ќе ги искажат незадоволството и револтот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија15 часа

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија15 часа

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија16 часа

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија16 часа

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ17 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија18 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија18 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија20 часа

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион20 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт20 часа

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија21 час

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија1 ден

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија1 ден

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија1 ден

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија2 дена

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија2 дена

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија2 дена

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...