Регион
Мицотакис: Грција се соочува со опасно лето поради пожари, суша и ветрови
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови што придонесуваат за ширење на пожарот.
„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да го свртам вниманието назад кон летото за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Микотакис, пренесува „Катимерини“.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време, кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени, ја зголеми нивната фреквенција и интензитетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Регион
Завршено сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на малата Данка
Денеска, заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ кога на прашања пред Вишото јавно обвинителство во Заечар, покрај брачниот пар Трајковиќ од Бањско Поле, одговараше Далибор Јовиќ.
Пред обвинителот вкупно три часа зборуваа тројца сведоци, а цело време беа присутни осомничениот и родителите на убиеното девојче.
Имено, веднаш по излегувањето од рочиштето, Јовиќ на насобраните новинари им порача дека не смее да каже ништо за да не ја загрози истрагата.
„За целта на истрагата не смееме да кажеме што му кажавме на јавниот обвинител. Останувам на мојот исказ што го дадов во полиција“, нагласи Јовиќ пред медиумите пред зградата на Обвинителството во Заечар.
Јовиќ рече и дека првпат се среќава лице в лице со осомничените за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, но дека и претходно бил сослушан во полициска станица.
„Пред неколку месеци веќе бев сослушан во полициска станица, а сега го кажав истото како и тогаш, џогирав, но ништо конкретно не видов“, изјави овој сведок.
Покрај него, сослушана е и брачната двојка Трајковиќ, кои истакнаа дека сè уште стојат зад зборовите што ги кажале претходно кога станува збор за страшното злосторство.
Тие во еден глас, како што пренесуваат српските медиуми, кажале дека остануваат на првичните изјави – дека во тој момент биле зад куќата и дека ништо ниту виделе ниту слушнале.
Регион
Експлозија во Загреб, разбојници разнеле банкомат
Непознати разбојници разнеле банкомат во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот.
„Утрово, поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјавил жител на Загреб за „24 сата.хр“.
Станува збор за банкомат што се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат.