Спорт
(Вознемирувачко видео) Млад спортист колабира на теренот и почина за време на турнир во бадминтон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3918585_screenshot-20240701-094906_ls.jpg)
Страшна трагедија се случи на турнирот во бадминтон во Индонезија која ја потресе тамошната јавност.
Имено, младиот Жанг Жиџие (17) почина за време на натпреварот.
На вознемирувачкото видео се гледа како Жанг колабира на теренот, а лекарите влетуваат и се обидуваат да му помогнат.
中國羽球選手張志杰,昨晚在印尼亞青錦標賽中對陣日本選手時,突然倒地開始抽蓄。
送醫後不治身亡。 pic.twitter.com/6bry9uL5h8
— 風暴士兵 🪐🪬Taiwan only (@dabowagaga) July 1, 2024
„Бадминтон Азија, ПБСИ и организацискиот комитет се крајно тажни и им изразуваат најдлабоко сочувство на родителите, семејството на Жанг и Кинеската асоцијација за бадминтон (CBA). Светот на бадминтон загуби талентиран играч“, се вели во соопштението.
– Медицинските извештаи покажуваат дека жртвата доживеала ненадеен срцев удар – изјави Брото Хепи, портпарол на Здружението за бадминтон на Индонезија (ПБСИ).
Тој починал откога бил пренесен во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(ВИДЕО) „Црвената фурија“ фуриозно во 119. минута
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/morino.jpg)
Фудбалерите на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство откако во дерби натпреварот ја совлада Германија со 2:1.
Се играше брз и динамичен фудбал, без калкулации.
Имаше можности, многу картони, возбудувања и голови, а натпреварот беше решен во неизвесна завршница.
На крајот, Шпанија имаше повеќе среќа, но и повеќе вештина и по долг период на доминација на Германците и голем број на пропуштени шанси, успеа да го повтори успехот од претходното ЕП и да се пласира меѓу најдобрите четири селекции.
Избраниците на Луис де ла Фуенте славеа со голот на Мерино во 119. минута од натпреварот.
Претходно Олмо ги доведе Шпанците во водство, Германците потоа напаѓаа како ураган.
Имаа шанси, ја погодија стативата, а преку Вирц во 88. минута го постигнаа заслуженото израмнување.
И во продолжението Германците беа подобри, поблиску до голот, Вирц имаше уште една голема шанса, Фулкруг беше неверојатен.
Шпанците имаа проблем со него, но Шпанците имаа човек на одлука во Мерино.
На една минута пред крајот на продолжението, на асистенција на Олмо, Мерино го направи најдобриот скок, и го матираше Нојер – на голема жалост на Германците во Штутгарт.
Судијата Ентони Тејлор покажа дури 16 жолти и еден црвен картон.
Спорт
Заниоло следната сезона во Аталанта
Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло премина од Галатасарај во Аталанта на едногодишна позајмица, потврдија на социјалните мрежи од клубот од Бергамо.
Офанзивниот играч за врска пристигна на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Заниоло претходната сезона ја мина на позајмица во Астон Вила за која одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.
25-годишниот фудбалер во досегашната кариера настапуваше за Виртус Ентела, Интер и Рома, а од минатата година е член на Галатасарај.
Спорт
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/alkaraz.jpg)
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Френсис со 3:2, по сетови 5:7, 6:2, 4:6, 7:6, 6:2 во третото коло на Вимблдон.
„Секогаш е предизвик да се игра против Френсис, тој е многу талентиран. Заслужува да биде на врвот.
Не ми беше лесно да ја пронајдам својата игра, да се адаптирам и да најдам решенија. Но на крајот успеав“, изјави Алкараз.
„Имав неколку тешки моменти во четвртиот сет и си велев дека треба да се борам и да размислувам за следниот поен.
Во тајбрејкот си реков дека морам да нападнам. Кога тоа ќе се случи, обично завршува добро, така и беше“, додаде актуелниот шампион на Вимблдон.
Алакараз го забележа деветтиот последователен триумф во одлучувачки сетови на Грен слем турнирите.
Забележа и позитивен скор во мечевите против Американецот Тиафо, сега е 2:1 во победи за третиот тенисер во светот.
Следен ривал за шпанскиот играч ќе биде Брендон Накашима или Иго Умбер.