Македонија
Аврамовска-Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена

Викторија Аврамовска-Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија, денеска на прес-конференција посочи дека по завршување изборниот процес и гласањето за избор на претседател на СДСМ, пристигнат е само еден приговор.
„Примерите што се наведени се веќе јавно соопштени од Комисијата, тие се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес. Прв пример којшто е наведен е број на членови кои побарале да им биде овозможено гласање иако не биле на избирачкиот список. Уште вчера, во текот на денот Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“, посочи Мадиќ.
Како што вели, оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот.
„Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. За дополнителна транспарентност и можност којашто им беше оставена да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, односно на 29.06.2024 година. Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Ги соопштивме веќе првичните резултати од преброени 95% од гласовите, по пристигнување на сите записници и увид во избирачкиот материјал ќе ги соопштиме и конечните резултати. Одзивот и излезноста на членовите, претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно Правилникот и Статутот на СДСМ оној кандидат којшто освоил над 50% од гласовите на излезените членови. Волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена“, вели Мадиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)