Свет
Загина 11-годишно момче кога врз него падна дрво: по страшното невреме, затворени градини и паркови во Санкт Петербург

Во Санкт Петербург 11-годишно момче загинало кога дрво паднало врз него за време на големо невреме, изјавија за „РИА новости“ од прес-службата на окружната управа.
„Навистина, единаесетгодишно момче загина кога врз него паднало дрво“, изјавил соговорник за агенцијата.
Според него, детето било хоспитализирано во тешка состојба, но не било можно да се спаси.
Претходно, беше соопштено дека во Санкт Петербург во понеделникот вечерта врнело, грмело, а дувал и силен ветер. Поради лошите временски услови, градините и парковите се затворени за јавноста од понеделникот вечер.
Силниот ветер урна дрвја и слабо обезбедени објекти, оштетени се десетина автомобили, а на градилиштето во авенијата Бољшевиков паднал кран.
Според Министерството за вонредни ситуации, една жена загинала, а друга жена и едно дете се повредени како последица од паѓање дрво на авенијата Јуриј Гагарин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.