Контакт

Македонија

Претставниците на Стопанската комора му посакаа успех на Гаши на новата функција

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија. Тој им посака добредојде на сите претставници и им се заблагодари за нивната посета.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на Стопанската комора му го честитаа изборот на Гаши и му посакаа успех на новата функција претседател на Собранието.

Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанската комора на северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу другото, едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење предлог-закони што се во нивен интерес.

Собранието можете да го сметате како ваш најсилен сојузник и ја имате мојата целона поддршка, рече Гаши.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека е потребно интензивирање и продлжување на соработката.

Македонија

СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ во својата прогама ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната плата на 450 евра. Ова ветување им беше измислено за да ги залаже работниците дека ќе продолжи една од политиките на СДСМ за кои недвосмислено сите даваа поддршка – покачувањето на платите, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка.

Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реномираната германска компанија ЕПСОТЕХ со инвестиција од 20 милиони евра влегува во Македонија и отвора 110 работни места во оваа фаза

Објавено пред

Во Македонија своја инвестиција најави компанијата Епсотех во износ од 20 милиони евра, која ќе отвори производствен погон во близина на Скопје и 110 нови работни места, пред се високо стручен кадар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во овие индустриски капацитети на германската компанија, која е во партнерство со белгиската „Аим“, ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Оваа компанија е лидер на пазарот во Германија и е застапена на над 25% од истиот, што значи дека соработува со сериозни индустриски гиганти. Еден од главните белези во нивното производство е дека рециклираат материјали од земјоделството, рибарството, па дури и од компаниите со кои соработуваат.

Дополнително ќе се отвори и развојно истражувачки центар, а веќе постои интерес за понатамошна соработка и нови инвестиции и отворање на повеќе работни места. Оваа инвестиција е втора во рок од две недели, што само покажува дека доколку постои силна волја и посветеност бројот на инвестиции во Македонија може да се зголемува. Долго време земјата беше на дното по привлекување на странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, што пред се беше резултат на неодговорниот пристап на власта на СДСМ и ДУИ, непредвидливата економска клима и лошиот имиџ на државата кој го изградија во изминатите години. Инвеститорите беа многу претпазливи и најчесто избираа да инвестираат во некоја земја од соседството отколку во Македонија.

Работите се менуваат на подобро, затоа што ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на работа“, пишуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето денеска сончево и многу топло

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од УХМР соопштуваат дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион45 минути

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет1 час

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 час

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет1 час

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет1 час

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија14 часа

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија16 часа

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...

Македонија18 часа

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт. „Државната...

Економија18 часа

(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги....

Македонија19 часа

Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14...

Македонија21 час

Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за...

Свет24 часа

Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој...

Регион24 часа

Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето,...

Свет1 ден

(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800...

Македонија1 ден

СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада....

Регион1 ден

Фицо за првпат се појави во јавноста откако беше ранет

Словачкиот премиер Роберт Фицо се појави во јавноста за првпат откако беше ранет во мај годинава. Фицо, кој се опоравува...

Свет1 ден

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција

Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во...

Македонија1 ден

Левица: 40 проценти од тие што дипломирале, ја напуштиле државата

Македонија се соочува со значителен одлив на високообразовани кадри, што годишно изнесува околу 2500 лица. Според последниот ревизорски извештај на...