Свет
Руски воени бродови пристигнаа во Венецуела
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-02-192045.jpg)
Група руски воени бродови од Северната флота денеска пристигнаа пред венецуелскиот пристанишен град Ла Гуаира, соопшти денеска руската државна агенција РИА.
Во групата бродови спаѓаат руската нуклеарна подморница Казан, фрегатата Адмирал Горшков, танкерот за снабдување Академик Пашин и шлеперот Николај Чикер. Тие влегоа во венецуелското пристаниште „како дел од долго патување“, објави РИА без да ги прецизира причините за влезот.
Станува збор за истата група бродови кои на 12 јуни влегоа во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високопрецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан. Тие останаа во кубанските води до 17 јуни.
Кубанската војска тогаш изјави дека посетата на руските воени бродови е „строго во согласност со меѓународните прописи“ и дека е знак за „историско пријателство“ меѓу Хавана и Москва.
Невообичаеното распоредување на бродови на руската морнарица толку блиску до Соединетите држави – особено моќната нуклеарна подморница – доаѓа во време на зголемени тензии околу војната во Украина, каде што владата поддржана од Запад се бори против руската инвазија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Земјотрес од 5,5 степени според Рихтеровата скала во Русија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-144036.jpg)
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Русија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на брегот на Камчатка, на длабочина од 61 километар.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
(Видео) Шокантна сцена во Хрватска: маж скокна на траект во движење оти не сакал да плати билет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-133655.jpg)
Необичен инцидент се случи вчера на хрватското приморје, а видеото од настанот се шири на социјалните мрежи.
Имено, маж висел на рампата на траектот „Петар Хекторовиќ“ кој излегувал од пристаништето.
Тој, како што изгледа од видеото, бил подготвен за на плажа, дури имал и пешкир преку рамо.
Според информациите од компанијата сопственик на траектот, човекот немал билет.
„Станува збор за патник кој се обидел да се качи на траектот без билет уште додека траектот излегувал од пристаништето. Откако бил информиран за патникот на рампата, екипажот брзо интервенирал за да спречи развој на уште поопасна ситуација за патникот“, соопштија од компанијата.
На видеото имаше голем број коментари за овој настан, од кои некои се: „Кога доцниш на траект, а девојка те чека“ , „Пливај сине, пливај. Љубовта нема граници“, „Можно ли е?!“.
Свет
Шпанија: Шест лица повредени при трка со биковите во Памплона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-081032.jpg)
Во традиционалното трчање на биковите во шпанскиот град Памплона, повредени се шест лица, од кои едно е пренесено во болница со сериозна трауматска повреда на главата, објавија денеска шпанските медиуми.
Улиците на Памплона беа преполни со љубопитни гледачи на трката со бикови, од почетната точка на Questa de Santo Domingo до преполната градска корида, според El Pais.
Крајот на трката помина мирно, но годинава беше соборен рекордот во брзината со која биковите ја истрчаа традиционалната рута, пренесува Танјуг.