Свет
16-годишен ученик починал на екскурзија во Италија: се пожалил дека му е лошо

16-годишен ученик од Бремен почина на екскурзија во Италија. Неговите родители се тажни и гневни поради загубата што ги снашла и сега решиле да упатат сериозни обвинувања против професорката што ги однела учениците на пат.
Тврдат дека наставничката ја прекршила должноста бидејќи не се јавила на лекар иако момчето било во лоша здравствена состојба.
Телото на момчето што почина на екскурзија во Тоскана е испратено на обдукција по што ќе се знае точната причина за смртта.
Момчето, кое било инвалид, имало помош од помошник што цело време бил со него за време на екскурзијата. Иако имал силни болки во грлото, тинејџерот многу сакал да замине на матурска екскурзија во Италија со своите пријатели.
За време на екскурзијата, неговото здравје нагло се влошило.
Татко му вели дека цело време за време на екскурзијата бил во контакт со синот.
„Кога разговараше со сестра си преку видеоповик, таа забележа дека лицето му е светлоцрвено. Тој се пожали на болки во грлото и силна главоболка“, рече тој.
За време на посетата на Пиза, неговата состојба толку се влошила што учителката решила да го откаже ова патување, а потоа ги известила родителите на момчето.
Родителите велат дека побарале од наставничката да го однесе момчето на лекар или во аптека, но таа не го направила тоа. Наместо тоа, момчето било испратено во бунгаловот да се одмори сам.
„Кога вечерта повторно се слушна со сестра си, едвај успеа да ги отвори очите. Тие беа целосно отечени“, вели татко му.
Потоа додаде дека околу 20 часот синот му пратил фотографии и тоа било последното нешто што го добил од него. Утрото им се јавила наставничката и ги известила дека тој починал.
Семејството на момчето ги обвинува училиштето и наставниците дека ја занемариле својата должност за надзор и сега бараат строга казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.