Спорт
Кошаркарите на Словенија се изборија за полуфинале од квалификациите за ОИ
Словенија се пласираше во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри
На Словенија и требаше победа од 10 или повеќе бодови за пласман во полуфиналето и 29 бода разлика за првото место, бидејќи беа убедливо поразени од Хрватска со 92:108. Во последниот напад Лука Дончиќ промаши шут за три поени со кој Словенија ќе и донесеше прво место во групата и полесен ривал во полуфиналето.
Лука Дончиќ до победата ги предводеше избраниците на Александар Секулиќ со трипл-дабл со 36 поени (3/12 тројки), 10 скока и 10 асистенции, Џош Ниебо даде 20 поени со 12 скока.
Од Нов Зеланд најмногу се истакна Шеј Или со 28 поени и 10 скока а Исаја Леафа додаде 12 поени.
Во полуфиналето на турнирот во Атина, Словенија најверојатно ќе игра против домаќинот Грција, кој ќе се сретне со Египет и тие се големи фаворити, додека ривал на Хрватска најверојатно ќе биде Доминиканската Република, доколку не се случи чудо и Египет не ја совлада Грција.
Пласман на Олимписките игри ќе обезбеди само победникот на секој од четирите квалификациски турнири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кијану Ривс – професионален автомобилист
Во саботата на познатиот автопат Индијанаполис, своето професионално деби во автомобилизмот го имаше Кијану Ривс.
И беше многу возбудливо. Некаде на половина од 45-минутната трка, холивудската суперѕвезда излета на тревата, но немаше судар. 60-годишникот продолжи да вози откако испратил сигнал дека не е повреден.
Актерот, познат по улогите во филмовите „Матрикс“, Џон Вик и многу други блокбастери, се натпреварува во Индијанаполис на „Тојота Џи-Ар куп“, тркачко натпреварување под покровителство на познатата трка „Инди 8 часа“.
Автомобилот што Ривс го вози има симболи од стрипот „The Book of Elsewhere“, кој делумно го напишал Ривс. Тимски колега на Кијану е Коди Џонс, Јутјубер познат како член на групата „Dude Perfect“.
Ова не е првпат Ривс да ги испроба своите способности во автомобилизмот. Во 2009 година, тој триумфираше на трката за славни личности во Лонг Бич.
Stars shine brighter at Indy 🤩
Film icon Keanu Reeves and @dudeperfect’s Cody Jones are on track for Race 1 of the Toyota GR Cup!@officialgrcup | @indy8hour pic.twitter.com/ZbkFfBphiy
— Indianapolis Motor Speedway (@IMS) October 5, 2024
Спорт
Селта со двајца помалку го победи Лас Палмас, Рајо триумфираше над Ваљадолид
Фудбалерите на Селта Виго и Рајо Ваљекано запишаа гостински победи над Лас Палмас, односно Ваљадолид, во деветтото коло на шпанската Примера.
Лас Палмас не успеа да ја победи Селат и покрај тоа што повеќе од 30 минути имаше двајца играчи повеќе на теренот.
Гостите од 57. минута играа со двајца помалку, бидејќи беше исклучен капитенот Јаго Аспас, а три минути пред тоа во соблекувалната замина и Илаиш Мориба.
Сепак, Селта успеа да се одбрани и да слави со голот на Борха Иглесијас постигнат во 28. минута.
Во исто време се одигра и натпреварот помеѓу Ваљадолид и Рајо Ваљекано, а гостите победија со 2:1.
Сите три гола беа постигнати во вториот дел. Домашните поведоа во 51. минута со голот на Селим Амала, а потоа гостите направија пресврт. Во 57.минута израмни Хорхе де Фрутос, а на 10 минути пред крајот истиот играч со вториот гол му го донесе триумфот на Рајо.
Спорт
Вардар немоќен против Струга, Работички од Охрид се искачи на челната позиција
Фото/ https://www.facebook.com/FKVardarSkopje/
Дветтата рунда во Првата македонска фудбалска лига донесе смена на врвот и уште еден тежок пораз на Вардар.
Ремито без голови на Шкендија во Кратово против Силекс го искористи Работнички и со победата над Воска спорт во Охрид се искачи на првата позиција на табелата. „Романтичарите“ победија со головите на Регба и Мазари. Тие се уште се без пораз сезонава. Пораз нема и Гостивар кој во ова коло одигра 1:1 Беса. Стрелци на головите беа Ивановски за Гостивар и Скендери за Беса.
Вардар доживеа пораз од актуелниот шампион Струга 1:4. Поразот на Вардар го најави Камбери по само три минути игра. Босанчиќ изедначи во 27.минута, по што следуваа два гола на Кампаоре во 41. и 66.минута. Кехинде во 73.минута стави точка на натпреварот.
Шкупи со головите на Едмунсон, Јумеми и Ајетовиќ славеше против АП Брера со 3:1, а без голови заврши натпреварот Пелистер-Тиквеш.
Резултати, 9.коло:
Вардар-Струга ТЛ 1:4
Пелистер-Тиквеш 0:0
Силекс-Шкендија 0:0
Шкупи-АП Брера 3:1
Гостивар-Беса 1:1
Воска спорт-Работнички 0:2
Табела: