Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е апаш копиран со индиго на Заев

Ја разбираме фрустрацијата на СДС и Венко Филипче кои се китат со перјата на оваа влада. Но нивното време заврши. За само две недели, две големи инвестиции. Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот. И инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра. Се потврди по којзнае кој пат и дека за СДСМ само ВМРО-ДПМНЕ може да донесе нови инвестиции во државата, што зборува за недостатокот на елементарна работливост од страна на СДС кои 7 години здружно крадеа со ДУИ, па затоа за нив посветеноста на оваа влада е недостижна цел на која ѝ придаваат супер моќи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата на власт, Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции.
Од друга страна, како што додаваат, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи СДСМ повторно прави очајнички обиди да го минимизира успехот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е дека реалноста и напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат нивните способности. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги постигнуваме нашите цели, без оглед на саркастичните и несериозни коментари од СДСМ, партијата која ја урниса државата претворајќи ја во срамна филијала на белосветскиот и домашниот криминал. Венко Филипче и Зоран Заев се лошото лице на власта на СДС и ДУИ. Нашата посветеност кон привлекување инвеститори е јасна и недвосмислена. Преку промовирање на Македонија како стабилна и атрактивна дестинација за инвестирање, ние ќе продолжиме да ги реализираме нашите ветувања и да ја подобруваме економската состојба на сите граѓани“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ во нивното соопштение истакнаа дека само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција, доста се китите со туѓи перја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 18 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.
„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје. Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, напиша Ѓоргиевски на „Фејсбук“.
Македонија
(Видео) Трајановски: Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
„Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува. Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина“, вели тој.
Трајановски најави дека во деновите што следуваат ќе продолжи активно да биде меѓу гласачите, затоа што, како што кажа, секој предлог е важен.
„Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани“, рече тој.