Спорт
ШК Мулти Есенс се позиционира меѓу фаворитите по пет одиграни кола
Во Струга се одигруваат мечевите од Втората шаховска лига на Македонија, при што вчера се одиграа партиите од петтото коло, а со тоа турнирот влезе во втората половина.
Токму во ова коло се случи дерби-мечот во кој се сретнаа две од екипите што се издвоија на врвот на табелата: ШК Нов напредок од Штип и ШК Мулти Есенс од Скопје. Тимот на младинците од шаховската школа на ШК Алкалоид имаше водство во мечот благодарение на победата на шеснаесетгодишниот Стефан Мелник (1.874) на шестата табла, откако другите партии завршија со реми и остана да се игра само на третата табла, каде што ФМ Дејан Динев (2.216) ги имаше белите фигури против Теодор Јовановски (2.112). Ветеранот Динев, кој во претходните четири кола четирипати одигра реми, во завршницата на оваа партија стигна до цел поен и со тоа го израмни резултатот во мечот.
„Се покажа дека имаме добар основен состав и дека странските играчи како засилувања одлично се вклопија. Во глобала сум задоволен од прикажаната игра бидејќи настојуваме да играме борбено, без калкулации, со јасна цел. Ќе биде клучно да се задржи свежината до крајот. Во претпоследното коло нѐ очекува меч со директен конкурент, екипата на ШК Кочани, па очекувам токму таа свежина да одлучи“, изјави ВМ Трајко Недев, кој е капитен на тимот на ШК Мулти Есенс.
Ова беше прв нерешен исход за штипскиот тим, кој е прв на табелата со 9 бо (од можни 10), додека, пак, младинците на ШК Мулти Есенс имаат 8 бода, бидејќи претходно, во третото коло, имаа уште еден нерешен резултат со МШК Центар.
Кон двете водечки екипи се приклучи и ШК Кочани, кој со 5 : 1 ја совлада ШК Шкендија од Тетово, па сега, исто така, има 8 бода.
Во другите мечеви ШК 7 ноември од Гевгелија со 3,5 : 2,5 го совлада ШК Ласкер од Охрид, а МШК Центар беше подобар од ЖШК Прилеп со 4,5 : 1,5. Во последниот меч ШК Карпош убедливо славаше над ШК Шах шех од Битола со 5 : 1.
Денеска на програмата се шестото и седмото коло, во кои ШК Мулти Есенс прво ќе игра со ШК Шах шех од Битола, а попладне со ШК Шкендија од Тетово.
Во согласност со пропозициите, во највисокиот ранг на натпреварување ќе одат само двете најдобри екипи од Втората лига, а правото на настап во Првата лига ќе им важи за идната 2025 година.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.





