Македонија
Николоски: Ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини, граѓаните и бизнис-секторот мора да добиваат квалитети услуги

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска, оствари работна средба со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
На средбата се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини.
Се работи за проектот за новиот систем за видеонадзор и автоматско препознавање регистарски таблички преку кој се инсталираат над 350 типа надзорни камери на граничните премини.
Понатаму, се разговараше и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект што ќе почне да се реализира бргу.
Исто така, на средбата се отвори и прашањето за имплементција на едношалтерскиот систем Single Window преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис-секторот.
Министерот Николоски истакна уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика сѐ со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.
„Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес што го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти го унапредуваме транспортотот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт, за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции. Ова е од огромно заначење и за регионалната соработка како владин приоритет“, истакна на средбата министерот Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
ДЗС и МВР во заедничка акција за извлекување на повреден планинар

Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско

СДС во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.
Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.
Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.
Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.
Но, туѓите агенди се прочитани.
Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.
Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.