Спорт
(Видео) Голот на Јамал е најубав на ЕУРО 2024

Голот на шпанскиот фудбалер Ламин Jамал во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство, објави Европската фудбалска унија (УЕФА).
По голот на шпанскиот тинејџер следат головите на Англичанецот Џуд Белингем против Словачка, Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, Романецот Николае Станчиу против Украина и Турчинот Арда Ѓулер против Грузија.
Топ 10-те гола на ЕП ги комплетираат Турчинот Мерт Мулдур против Грузија, Шпанецот Фабијан Руиз против Хрватска, Англичанецот Оли Воткинс против Холандија, Италијанецот Матија Закањи против Хрватска и Холанѓанецот Чави Симонс против Англија.
Goal of the semi-finals ✅
Lamine Yamal's incredible strike wins it! 😮💨👏#EUROGOTT | @AlipayPlus pic.twitter.com/BMzFOgLEkG
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 14, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Неуспешна мисија на Ал-Румајан: Исак не сака да игра за Њукасл

Трансфер сагата продолжува. Александар Исак не сака да игра за Њукасл, сака трансфер во Ливерпул.
Претседателот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан, се обиде лично да го убеди шведскиот напаѓач да го промени својот став и да ги почитува професионалните обврски што ги има според договорот и да се врати на тренинзите, но според „Дејли Телеграф“ не успеал.
Исак одамна му поставил на клубот ултиматум дека сака трансфер во шампионите на Премиер лигата, чија последна понуда пред три недели од 110 милиони фунти беше одбиена. Њукасл побара 150 милиони фунти и ни фунта помалку, и тука сè запре.
Напаѓачот не тренира, ниту има намера да го стори тоа, свесен е дека го чекаат сериозни санкции, на крајот можеби тужба од клубот до ФИФА за непочитување на договорот.
Трансфер периодот рок трае уште четир дена, останува да се види што ќе се случи на крајот.
„Долго време не сум актер во овој случај. Го подготвувам тимот за натпреварите и вложувам максимална енергија во тоа. Најдоброто за Њукасл е приказната да се расчисти. Челниците ги презедоа сите чекори, навистина немам поим како ќе заврши сето ова околу Исак“, рече менаџерот Еди Хау, по поразот од Ливерпул.
Но, дури и да не биде реализран трансферот, а Исак да се премисли и да се врати во тимот, навивачите се огорчени од него, дури и направија маички со натпис дека е „стаорец“.
Спорт
Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ

Во интервју со Џеј Шети на Јутјуб, Новак Ѓоковиќ го откри најдобриот и најлошиот момент во неговата кариера. И двата се случиле на Олимписките игри.
„Најдобриот беше кога го освоив златниот медал во Париз минатата година. Дури и подобар од освојувањето на Дејвис купот и освојувањето на првиот Вимблдон затоа што знаев дека може да биде мојата последна шанса. Најлошиот беше во Рио де Жанеиро 2016 година, кога загубив од Хуан Мартин дел Потро во првото коло. Беше многу емотивен меч, сите во публиката ме поддржуваа, бев на врвот на мојата кариера, ги освоив сите четири Гренд слем турнири по ред. Чувствував дека тоа е мојата шанса“, се сеќава Ѓоковиќ.
Во истото интервју, тој откри и што е најтешкото нешто во тенисот:
„Да го победиш Рафаел Надал на Ролан Гарос е најголемиот предизвик што постои во историјата на нашиот спорт. Рафа беше мојот најтежок противник од физички аспект. Битките со него беа неверојатни. Го одигравме најдолгото финале во историјата на Гренд слем турнирите, во Австралија, и се сеќавам кога дојдов во соблекувалната и се соблеков. Моите патики беа полни со крв. Не можев ни да одам. Но, нашите мечеви на земјена подлога беа уште потешки“, рече најдобриот тенисер на сите времиња.
Спорт
Започнува 42. Европско првенство во кошарка

Попладнево со натпреварите во Рига (Летонија) и Тампере (Финска) започнува 42. Европско првенство во кошарка. 24 репрезентации, поделни во четири групи, до 14 септември ќе се борат за трофејот, кој го брани Шпанија.
Турнирот ќе започне во Тампере, каде Литванија ќе се сретне со Велика Британија во 12:30 часот по средно-евроспко време, а кратко потоа Чешка ќе игра против Португалија во Рига, со почеток во 13:45 часот.
Актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Германија, ќе го започнат својот Евробаскет против Црна Гора во Групата Б од 15:30 часот.
Ќе учествуваат и две домашни репрезентации, Латвија и Финска. Латвија игра против Турција во 17:00 часот и Финска против Шведска во 19:30 часот.
Денот ќе го затвори првиот фаворит на турнирот, репрезентацијата на Србија, која, ќе игра против Естонија во Групата А од 20:15 часот.
Во четврток, на ред се екипите од групите Ц и Д, кои ќе ги играат своите први натпревари во Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска).