Црна хроника
Нови детали за пронаоѓањето на бизнисменот Чедо Радомировиќ: до возилото имало пиштол и чаура

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон покрај неговото тело.
„Вчера во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и на местото бил пронајден пиштол „Црвена застава“ и чаура. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од МВР.
Чедо Радомировиќ е основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, која пропадна во 2005 година поради неликвидност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Четири тешки сообраќајни несреќи во земјата, повредени повеќе лица

На 22 септември во земјава се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои тешко се повредиле повеќе лица, информира МВР.
Скопје, ул. Александар Урдаревски
Во 07:35 часот се судриле патничко возило „пежо 307“, управувано од М.К. (46) од с. Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23), исто така од Кучевиште. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди неговиот сопатник Н.Д. (22). Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Скопје, ул. Призренска
Во 13:00 часот се случила несреќа помеѓу товарно возило „опел“, управувано од А.Б. (34) од Скопје, и мопед управуван од И.А. (48) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во „Мајка Тереза“.
Охрид, ул. 7 Ноември
Во 18:25 часот мопед управуван од М.Р. (18) од Охрид се судрил со патничко возило „ауди“, управувано од И.Е. (23) од с. Велгошти. Со тешки телесни повреди се здобил малолетникот возач на мопедот и неговата сопатничка М.Н., пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Регионален пат Велес–Градско, кај Ногаевци
Во 05:45 часот трактор „имт 533“ без регистарски таблици, управуван од Д.П. (67) од с. Ногаевци, се судрил со „фолксваген голф“, управуван од Ѓ.Т. (71) од Велес, и „форд“ управуван од Р.К. (43) од Неготино. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди сопатникот од „голфот“ Д.А. (74) од Велес. Повредените се пренесени во Општата болница Велес.
За сите несреќи извршени биле увидни постапки од екипи на соодветните полициски управи.