Спорт
„Кога ќе го победите Панатинаикос, тогаш ќе бидете светски шампиони“
Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Ергин Атаман, смета дека Бостон Селтикс претенциозно се нарекуваат светски шампиони. Селтикс пред 45 дена ја освоија титулата во НБА, додека Панатинаикос во мај триумфираше на завршниот турнир во Евролигата.
Помеѓу љубителите на кошарката отсекогаш имало полемики дали победникот на НБА лигата е навистина најдобриот тим во светот и дали има право да се нарекува така, како што неодамна направија Бостон Селтикс.
Тренерот на „зелените“ од Атина, Ергин Атаман, имаше што да им каже на Селтикси на оваа тема.
„Ако Селтикси сакаат да бидат светски шампиони, ќе мора да дојдат кај нас и да не победат во ОАКА Арената“, изјави турскиот тренер за „Рафине ТВ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јовиќ си оди од Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не е во плановите на тренерот на Милан, Пауло Фонеска, а големи се шансите тој да го напушти „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Ова го тврди познатиот италијански новинар Никола Шира, кој нагласува дека поранешниот центарфор на Реал Мадрид бил блиску до заминување од клубот летово, но дека ги одбил сите понуди.
Центафор Милан сезонава одигра само два натпревари во дресот на клубот од „Сан Сиро“ и собра скромни 64 минути на теренот, без конкретен статистички учинок.
Португалскиот тренер, чија позиција исто така не е сигурна, има многу поголема доверба во некои други играчи, па медиумите на Апенините пишуваат дека сето тоа упатува на сигурна разделба во зимскиот преоден рок, особено што актуелниот договор истекува во јуни следната година и Јовиќ може во јануари да преговара со други клубови.
Спорт
Платини предложи револуционерна промена во фудбалот
Легендата на францускиот и светскиот фудбал, Мишел Платини предложи револуционерна промена. Тој иднината на фудбалот ја гледа во игра10 на 10, а не 11 на 11.
Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска унија, оцени дека натпреварите би биле поатрактивни за гледачите доколку во тимот има десет играчи и дека тоа би создало повеќе простор за игра.
„Можеби треба да повлечеме еден играч и да имаме тим со десет луѓе. Со 11 играчи се игра од 1900 година, но тогаш имаше помалку трчање. Играчите не беа толку силни и играа побавно“, рече Платини.
Платини изрази жалење за досегашниот развој на фудбалот.
„Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се пронаоѓаат себе си во ваквата игра. Денес има повеќе додавања наназад отколку напред, а во посед на топката има многу додавања. Не критикувам. Но луѓе од мојата генерација кои доживеале поофанзивен фудбал, не сакаат да гледаат таква игра“, додаде славниот Платини.
Спорт
Италијанската полиција го забрани доаѓањето на навивачите на Звезда
Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан. Сепак, како што е наведено на официјалниот сајт на српскиот шампион, симпатизерите на белградските црвено-бели нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро.
Причината за забраната за пристигнување на навивачи од Србија на натпреварот е конфронтацијата меѓу симпатизерите на Делхи и Рома, па безбедносната проценка е дека мора да се спречи евентуална блиска средба на улиците на Милано или други италијански градови.