Контакт

Македонија

​​​​​​Левицата: Две години од францускиот предлог, остануваме единствени против бугаризацијата на Македонија

Објавено пред

На 17 јули 2022 година, во вжештена атмосфера на народни протести, од страна на тогашната Влада предводена од пасокизираните квислинзи СДС и антимакедонските ДУИ, незаконски беше прифатен т.н. Француски предлог, со кој патот на Македонија кон Европската Унија беше официјално условен со бугаризација на македонската историја и држава. По Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор, со Францускиот предлог Македонија продолжи парче по парче да губи од својата самобитност, подредувајќи ги националните интереси на странски национал-шовинистички и великодржавни апетити, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„​​​​Новата Влада предводена од ДПМНЕ, исто така, одбива да застане одлучно во одбрана на националните интереси и нема преземено ниту еден чекор за поништување на штетните последици од Францускиот предлог, кој предвидува историски РЕВИЗИОНИЗАМ, менувања на учебници, споделување на државна архива, отворање на фашистички клубови, за на крај, повторно од бугарското вето да зависи продолжувањето на европскиот пат, за кое Македонија се принудува на УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Со оглед на историјата на ДПМНЕ на учество во национални предавства и нивната директна улога во задушувањето на народниот револт и протест против Францускиот предлог, како и предизборното ветување на нивниот коалиционен партнер ЗНАМ на Максим Димитривски за внесување на Бугарите во Уставот во првите 200 дена од доаѓањето на власт, Левица останува будно да го следи секој чекор на новата Влада и жестоко ќе се спротистави на било какви обиди за нови национални предавства“, додаваат од партијата.

Како и претходно, и денес Левица повторно укажува дека уставните измени, апсолутно, не гарантираат продолжување на интеграцискиот пат во ЕУ за Македонија!

„Доколку се случат овие измени, повторно ќе се отвори патот за бројни бугарски барања (како што се отворија со Договорот за добрососедство) и Бугарија повторно ќе може да го користи правото на ВЕТО за секое наредно поглавје, а следејќи ја нивната политика повеќе од сигурно е дека во иднина ветото ќе продолжи да биде злоупотребувано. Левица стои на ставот дека евро-интеграциските процеси треба да продолжат, исклучително, преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво, како и останатите земји кои станале дел од европското семејство. ​​​​​ЕУ не смее да дозволи Бугарија да ги злоупотребува интеграциските процеси за реализација на своите империјалистички и шовинистички политики!Како глас на народот во Собранието продолжуваме да ја застапуваме волјата на 80% од Македонците кои се против овој  предлог“, завршуваат од Левица.

Македонија

Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони

Објавено пред

Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

Објавено пред

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

dobivaj vesti na viber

„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија

Објавено пред

„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.

Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.

Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија11 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет12 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија13 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија13 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија14 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија17 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија18 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија18 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија19 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија19 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион20 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет21 час

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет21 час

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион21 час

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...