Македонија
Мисајловски – Тигањ: Хрватска останува поддржувач на нашата евроинтеграција
Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбениот аташе, полковник Стјепан Домјанчиќ.
Мисајловски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон нашето членство во Европската Унија, за досегашната успешна соработка со хрватската амбасада и за придонесот на Хрватска со тим и авион за гаснење на пожарите, кои ја зафатија нашата земја.
Амбасадорката Тигањ потенцира дека Хрватска останува на ставот дека треба да бидеме дел од европското семејство и дека имаме континуирана поддршка за нашата евроинтеграција.
Одбранбената соработка меѓу двете земји е одлична и континуирано се унапредува. Соработката на полето на военото образование се реализира преку упатување припадници на македонската Армија на школувања, обуки и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Република Хрватска и со учество на експерти на полето на односи со јавност во обуките што ги спроведува Регионалниот центар за односи со јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

