Спорт
Канте се враќа во Премиер лигата
Францускиот фудбалер Н’Голо Канте би можел да се врати во Премиер лигата, поточно во Вест Хем.
Медиумите на Островот пренесуваат дека „Чеканите“ и Ал-Итихад, во кои Канте се пресели во 2023 година, веќе ги започнале преговорите и постои заедничка желба за договор.
Вест Хем за 33-годишниот Французин би требало да потроши околу 25 милиони евра.
Канте се појави како опција за тимот на Хулен Лопетеги по неговите извонредни настапи на Европското првенство, и покрај тоа што многумина мислеа дека нема да биде на највисоко ниво бидејќи цела сезона играше во Саудиска Арабија.
Вест Хем се надева дека Канте ќе ја пополни дупката што ја остави заминувањето на Калвин Филипс, кој како позајмен од Манчестер сити не успеа да се наметне.
Во исто време, на Лопетеги, кој го презеде тимот во мај 2024 година, исклучително ги цени квалитетите на Канте.
Канте, претходно помина осум години во Премиер лигата, играјќи за Лестер и Челзи. Тој освои две Премиер лиги, Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски го одјави Интер Мајами
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.
Спорт
Тер Штеген на пат кон северен Лондон?
Фудбалскиот клуб Тотенхем, има желба да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.
Водечкиот спортски медиум во Каталониј, „Спорт“, пишува дека за Тер Штеген нема место во Барселона, а во Тотенхем не се задоволни од фромата во која брани Гиљелмо Викарио. Исто така, повремениот италијански репрезентативец се поврзува со Интер, но овој трансфер може да се случи дури по завршувањето на сезоната.
Тер Штеген, неодамна се врати од долгата повреда, прв голман е Џоан Гарсија, кој пристигна летово од Еспањол. Јасно е дека нема иднина на „Ноу Камп“, а доколку сака да биде во германската репрезентација на СП, мора да најде тим каде што ќе брани.
Foto/ depositphotos

