Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага за две разбојништва во Скопје: тетовец со закани со скалпер се заканувал кон вработените и крадел пари од обложувачници
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.
На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа жители во Скопје
Вчера во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром, А.Љ.(43) од Скопје, пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 12.35 часот во Полициска станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Синоќа околу 21.00 часот во Полициска одделение Петровец, С.П.(44) од с.Петровец, скопско пријавила дека во с.Катланово била касната од куче скитник.
Црна хроника
Малолетник споделил експлицитни фотографии од неговата малолетна девојка на интернет, во ПС Драчево бил извршен службен разговор
Вчера во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа споделил фотографии со експлицитна содржина од неговата малолетна девојка, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.