Топ
Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР.
„На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото.
Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Свет
(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

Ширум Франција денеска се одржува масовен меѓусиндикален штрајк, со протести на над 250 локации и учество на стотици илјади граѓани. Властите проценуваат дека на улиците би можеле да излезат меѓу 600.000 и 900.000 луѓе.
Штрајкот предизвика сериозни прекини во сообраќајот, здравството и образованието. Блокирани се десетици училишта, а во Лион и Нант дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа повредени новинар, полицаец и демонстрант. Полицијата користела солзавец, а до пладне беа уапсени 94 лица, од кои 15 во Париз.
Rassemblement et manifestation gigantesque à #Nantes.
« Bayrou, Lecornu, Macron,
on n’en veut plus ! »« Ni soldat, ni rafales,
des bras, des lits, pour l’Hôpital public ! »Meeting international #ContreLaGuerre au Dôme de Paris le 5 octobre pic.twitter.com/wceJVEV5YU
— Hélène Macon 🐢 (@HeleneMacon) September 18, 2025
Причина за протестите е нацрт-буџетот за 2026 година, кој предвидува значителни кратења на јавните трошоци и реформи во пензискиот систем. Владата тврди дека мерките се неопходни за намалување на јавниот долг, додека синдикатите ги нарекуваат „удар врз социјалните права“ и предупредуваат дека ќе ја погодат најмногу сиромашната и средната класа.
Grève du 18 septembre: le lycée Maurice-Ravel à Paris bloqué par les élèves pic.twitter.com/7H9ZB1RC09
— BFMTV (@BFMTV) September 18, 2025
Франција се соочува со намален кредитен рејтинг и барања од Брисел за враќање на буџетскиот дефицит во дозволени рамки. Според синдикатите, земјата доживува најголема социјална нееднаквост од 1970 година.
Економија
Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на работното место. По тој повод, Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) предупредува дека родовиот јаз во платите останува сериозен проблем и покрај долгогодишната законска рамка што гарантира еднаква плата за иста работа.
Според податоците, жените на глобално ниво заработуваат речиси 20 % помалку од мажите, а во Европската Унија просечниот јаз изнесува 12,7 %. Во Македонија разликата во 2022 година била 13,5 %, со просечна годишна бруто-заработувачка од 615.725 денари кај мажите и 532.625 денари кај жените. Најголеми разлики се бележат кај вработените на возраст од 45 до 49 години и кај оние со високо образование.
GEA укажува дека овие нееднаквости се резултат на дискриминација на пазарот на трудот, пониска застапеност на жените на раководни позиции и концентрирање во сектори со пониско вреднуван труд. Дополнително, повеќето од примателите на минимална плата се жени.
„Овие разлики не се само прашање на правичност, туку и на економска рационалност. Жените претставуваат најголемиот неискористен потенцијал за економски раст“, порачаа од Алијансата додавајќи дека намалувањето на родовиот јаз во учеството на пазарот на труд би донело значителен раст на глобалниот БДП.
GEA апелира институциите, работодавците и општеството да обезбедат еднаков третман, фер застапеност и реални можности за напредок на жените нагласувајќи дека родовата еднаквост е предуслов за одржлив развој и праведно општество.