Црна хроника
Се судрија „бмв“ и мопед во Струшко, едно лице тешко повредено

Автомобил „бмв“ и мопед вчера на пладне се судрија во селото Велешта, Струшко.
„Сообрaќајната несреќа е помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(67) од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, објави МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамена за сума од над 200.000 денари: и кажале дека ќерка и прегазила дете во странство

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Гостиварка останала без летување во Грција: лажна агентка и ги украла парите

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, кои оштетената ѝ ги уплатила на сметка без договор за закуп, а летувањето не го реализирала.
Црна хроника
Управувал возило со 2,61 промили алкохол во крвта: уапсен возач од струшко

Синоќа во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б.(60) од с.Пискупштина, струшко.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.