Македонија
СДСМ: Шемата за подарениот имот на Јанушев датира од 2010 години кога се набавија кинеските автобуси

„Откако пет дена се криеше од јавноста вчера Јанушев самиот се закопа. Прво рече дека имало погрешни внесени податоци во неговиот анкетен лист кои ги корегирал, а потоа дека намерно оставил јавноста да се „излизга““, велат од СДСМ.
„Зошто пет дена молчеше и не кажа за наводно случајно погрешните податоци? Што е ова освен директно признание на Јанушев дека намерно внесувал погрешни податоци? Ако намерно внел погрешни податоци дека подарениот имот му е земјиште со вредност од 325.000 евра, што сакал Јанушев да скрие? Дали сакал да го скрие поклонетиот стан или пак некаква скриена бизнис шема која довела до тоа да му биде поклонет имот во вредност од 325.000 евра? Денес ја откриваме чекор понатаму оваа афера и прашуваме: Дали поклонетиот имот и парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која има имот и Тошковски, влече корени уште од 2010 година, во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашуваат од СДСМ и додаваат:
„Тоа е годината кога се случила и криминалната набавка на кинеските автобуси за кои беше осуден Јанушев. Како е дојдено до оваа парцела, каква била постапката за во зградата баш и Јанушев и Тошковски да имаат огромни станови? Каква е поврзаноста на Тошковски во целиот случај?’
СДСМ, како што потенцираат, располага со нови информации за овој скандал кои наскоро ќе ги објават.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.
Македонија
Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде прифатено. Судиите треба да утврдат дали актот е јасен, правно издржан и поткрепен со доволно докази.
Постапката се одолговлекуваше поради тоа што дел од адвокатите на обвинетите не биле достапни за прием на документацијата, но сега, според судот, сите рокови истекуваат на 3 октомври.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од начинот на кој обвинителството ја води постапката и порача дека сите поврзани со случајот мора да одговараат. Од опозициската СДСМ, пак, обвинија дека власта ги штити своите функционери кои биле чести гости во дискотеката.
Во пожарот загинаа 62 млади луѓе. Паралелно се води и истрага за 29 полициски службеници, за кои сè уште се анализираат доказите.