Македонија
(Видео) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот не се предвидува покачување на платите во ниту еден сектор
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на комисиската расправа посветена на ребалансот на буџетот истакна дека при образложувањето на буџетот јавноста сфати дека новата влада не знае што прави во моментов, ниту пак знае што ќе прават во наредниот период.
„Една таква влада имавме, таа до 2016 која велеше дека има некаков план и тогаш имавме кратење на даноци, кратење на рабонички права, ниски плата, мала улога на државата во економијата, ни тогаш ни сега не гледаме ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, видовме само запирање на постапки за вработување, запирање на склучување на нови колективни договори и неоставање ниту простор за репреговарање или преговарање на нови“, нагласи Костадиновска Стојчевска.
Таа нагласи дека под флексибилизација на пазарот на труд се подразбира кратење на работнички права, а со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор, ниту обрзаование, ниту здравство, ниту полиција, ниту армија, не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра колку што бараат синдикатите, а први на удар беа платите на културните работици, не се предвидени ни пари за високото образование.
„Водите неодговорна фискална политика, што покажуваат два индикатори во ребалансот, порастот на јавниот долг и високите камати на кредитите што ќе треба Македонија да ги плаќа и што, според експертите ќе ја вовдеат државата во должничко ропство, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека до крајот на годината само за камати на кредити треба да се издвојат 300 милиони евра, што е повеќе од што државата дава за социјални надоместоци за сиромашните.
Костадиновска Стојчевска истакна дека зголемувањето на расходите, дефицитот и долгот, и дека треба да признае дека ребалансот и кратењата се заради новите четири министерства, четири нови министри, заменици и државни секретари и безброј други вработувања.
„Велите дека нема непродуктивни трошења, а гледаме лускуз од првиот ден, затоа треба да се знае дека ребаланост е за задоволување на коалициските договрања“, посочи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

