Скопје
Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно копче“
Општина Кисела Вода и Црвениот крст денес распишаа повик на кој треба да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно копче“. Се работи за аларм уред поставен на нараквица, кој на постарите и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом. Критериумите за избор на лицата кои бесплатно ќе ја добијат услугата се достапни на веб-страницата на Општина Кисела Вода.
https://opstinakiselavoda.gov.mk/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8/
Потребно е да немаат помалку од 65 години, нивната пензија да не надминува 25 000 денари и да немаат дијагностицирана деменција. Потребната документација која исто така е пропишана во овој јавен повик, треба да се достави или до Општина Кисела Вода, барака 6, каде што е сместена канцеларијата на Црвениот крст, секои среда и петок од 10 до 14 часот или во канцеларијата на „Итно копче“ на улицата Славе Георгиевски-Шнајдер бр. 5, секој работен ден од 8 до 16 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот брј 15 330. Поради ограничениот број на уреди, селекцијата на корисниците ќе се прави по принципот прв дојден – прв услужен.
Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа што ја имплементира услугата „Итно копче“ во соработка со Црвениот Крст, преку која за почеток ќе бидат опфатени 40 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




