Скопје
Општина Аеродром воведува реорганизација и нов начин на чистење на јавните површини

Општина Аеродром спроведе реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини, со што се воведува нов распоред за одржување на реоните и максимално искористување на целата механизација со која располага општината.
Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром ваквиот нов начин за одржување на хигиената го воведува на ниво целата територија на општината, при што е вклучено и миење на улиците и на јавните површини.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Советот, Антонио Петковски и директорот на Јавното претпријатие, Благоја Ѓорѓиевски денеска ги посетија екипите што почнаа со работа во населбата Ново Лисиче.
Таму се косат тревните површини, се метат и се чистат плочниците меѓу зградите, а се кастрат и исушените и надвиснатите гранки на дрвјата. Исто така, отсега ќе се воведе и миење на површините за што е активирана посебна механизација за таа намена.
Ваквиот начин на чистење се воведува како редовна практика, со што се очекува во наредниот период значително да се подигне нивото на хигиена на јавните површини во Општина Аеродром за здрава и чиста животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување улична трка

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на в недела со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
(Фото) Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија се славеше мирот, единството и културната разноликост на начин прилагоден за најмладите.
Програмата вклучи изведба на македонската и европската химна од страна на детскиот хор „Златно славејче“, театарска претстава, танцувачка сесија, настап на аниматори и три засебни тематски зони: цртање европски симболи, квиз за Европа и креативна работилница за сувенири.
Креациите на децата ќе бидат изложени на „Ѕидот на Европа“ во просториите на Националната агенција.
Настанот, кој имаше голема посетеност и позитивен одѕив и од млади и од возрасни, се истакна како најубавата прослава на Денот на Европа во цела Европа. Во Македонија, овој ден се доживува како значаен празник, често со поголема страст отколку во некои земји-членки на ЕУ.
Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Сабота исполнета со работа, средби и непосредна комуникација со граѓаните – вака изгледа денешниот ден на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, извести општината.
„Потврдувајќи дека грижата за народот не познава работно време, уште од раните утрински часови, го отвори својот кабинет за секој што има потреба од институционална поддршка, совет или едноставно пријателски разговор. Повеќе од 80 жители на Кисела Вода остварија директен контакт – преку лична средба или телефонски разговор – со градоначалникот, пренесувајќи конкретни предлози, укажувајќи на проблеми или споделувајќи идеи кои би можеле да се претворат во идни проекти.
Тимот на општината веднаш ги нотираше сите барања, а според природата и итноста на секое од нив, се преземаат мерки“, велат од општината.
„И сабота е ден посветен за мојот народ. Уште од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив дирекни средби и телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш уште денес, во зависност од природата на проблемот пристапуваме кон решавање. Она што исклучително ме радува е што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Тоа е само уште еден доказ за нашата посветеност. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено, а и она што допрва доаѓа, најдоброто.Ќе бидам тука во текот на целиот ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба – во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите им погледнуваме во очи и директно ќе ги решаваме, мојот народ мора да е задоволен“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.