Македонија
СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на терен

„Државата гори. Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат. Гори на повеќе локации во земјава, огромна површина е веќе изгорена, над 130 километри квадратни. Страшно. Катастрофата е од преголеми размери“, велат од СДСМ.
„Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва. Состојбата е алармантна и загрижувачка. Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува. Не терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција. Се повторува истото однесување поради кое изгоре цела планина Серта. Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се касни за нивно вклучување со часови“, додаваат од СДСМ.
Според СДСМ, Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.
„Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине. Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управуваее со кризи. Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб кој и да преземе нешто во соодветно постапување и координацина на институциите под негова надлежност“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес информираше за еден од најголемите инфраструктурни проекти во Чаир-целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“.
Во соработка со општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт, се гради модерна улица со должина од 1 километар. Меџити истакна дека инвестицијата изнесува 1 милион евра.
„Проектот опфаќа комплетно асфалтирање, две регулирани коловозни ленти, стандартизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни на улицата, легално паркирање и нов систем за улично осветлување. Постоечките семафори ќе бидат заменети со модерен кружен тек, рече Меџити.
Како што соопшти, работите се очекува да завршат до март 2026 година. Оваа инвестиција ќе овозможи современи услови за движење на граѓаните, побезбеден сообраќај и функционални простори за жителите на Чаир, додава Меџити.
Македонија
(Видео) ДУИ: Изет Меџити бега од оставка, Чаир ќе каже „не“ на измамите на 19 октомври

На денешната прес-конференција на Демократската унија за интеграција, предводена од Имране Велиу, беше упатена остра и јасна порака до кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити.
„Граѓаните и целата јавност гледаат една очигледна вистина, Изет Меџити сè уште не се осмелува да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата и министер за екологија. Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври,“ порача Велиу.
ДУИ остро „го предизвикува Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори рамноправно, без привилегии на власта и без злоупотреба на државни ресурси“.
„Ако е толку сигурен во својата победа, нека им покаже на жителите на Чаир дека има достоинство и храброст. Но сите знаеме, тој е зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните“, истакна Велиу.
ДУИ потсети дека „жителите на Чаир не ги заборавиле двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура, деградација на урбаниот простор и недостиг на инвестиции“.
„Чаир остана заложник на лични и клановски интереси. Две децении граѓаните беа третирани само како бројки за гласови, додека општината назадуваше“, се нагласува во пораката.
ДУИ уверува дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат историска порака: „Крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“
„Чаир заслужува ново лидерство, визионерски пристап, чесна администрација и модерна општина во служба на граѓаните, а не на кариерата на еден поединец и неговото тесно семејно окружување“, рече Велиу.