Регион
Уапсен Србин во Бар по потерница од Интерпол и нанел штета на Словачка од 15 милиони евра
Во Бар е уапсен Ј.П. (37) од Србија по потерница од Интерпол, кој е обвинет дека ги оштетил надлежните органи во Словачка за над 15 милиони евра за време на пандемијата на корона вирусот, соопшти денеска црногорската полиција.
Тој се бара на меѓународно ниво од Специјалниот кривичен суд во Пезинок, заради водење кривична постапка, поради сомнение дека сторил кривично дело создавање, водење и давање поддршка на криминална група, измама поврзана со субвенции, легализација на приноси од криминал.
Тој е осомничен и за фалсификување и измама на начин што за време на епидемијата на вирусот Ковид им нанел финансиска штета на надлежните органи во Словачка во вкупен износ од над 15 милиони евра, вршејќи ги неговите криминални активности во делот на земање незаконски субвенции за време на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Регион
Експлозија во Нови Сад: едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен на Ургентниот центар, но за сега не се знае за сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид, се очекува на самото место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад гас“.
Регион
Три девојчиња претепале врсничка пред училиште во Панчево
На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка што се случи синоќа во Панчево, а според првите информации, се работи за тинејџерки, инаку малолетни.
На видеото се гледа како три девојчиња ги тепаат своите врсници.
Околу нив има голем број луѓе, но никој не се обидува да ги спречи во насилството. Во еден момент претепаното девојче паѓа на бетонот, но трите врснички продолжуваат да ја удираат по главата по што некој од присутните ги раздвојува.
Од полициската управа во Панчево велат дека веднаш ги презеле сите дејства за идентификување на учесниците и утврдување на околностите, но дека самиот случај не бил пријавен во полиција од ниту еден од учесниците. Исто така, потенцираа дека по сознанијата за актерите на инцидентот, ќе се консултираат надлежното обвинителство и судот.