Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби аманадманот за поддршка на инвестиции со што удри по домашните компании
Денеска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието владејачкото мнозинство го отфрли амандманот на ребалансот на Буџетот на пратеничката група на СДСМ, со кој се бараше двојно зголемување на финансиските средства од околу 17 милиони на 34 милион евра за поддршка на инвестициите по Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ).
„Со оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува подмирувањето на договорните обврски за финансиска поддршка на 654 компании, кои во 2023 година инвестирале, се развивале, вработувале и успешно работеле. Дополнително се загрозени и околу 100 компании со нови договори, кои се очекува да бидат одобрени до утре, 31 јули. На овој начин овие компании, од кои 98% се домашни, се изложуваат на сериозен ризик да не ги реализираат своите инвестиции, што е катастрофално за економијата. Отфрлањето на амандманот на пратеничката група на СДСМ не само што е неправедно кон бизнисот, туку и нанесува огромна штета на економијата“, велат од СДСМ и додаваат:
„Владејачкото мнозинство денес им го ускрати законски стекнатото право на финансиска поддршка на домашните компании, не водејќи грижа за создавање на услови за непречен раст и развој на домашните компании, да отвораат нови и добро платени работни места за граѓаните. Политичките калкулации и желбите за незаконски и вонинституционално договарање во четири очи, им остануваат приоритет, наместо системски решенија и транспарентна поддршка на компаниите. Минатата година, во времето на владеењето на СДСМ, по основ на овој закон беа исплатени 40 милиони евра, додека оваа година, под власта на ВМРО-ДПМНЕ, компаниите може да добијат двојно помалку, само околу 17 милиони евра. Благодарение на овој закон, во изминатите шест години беа поддржани 919 компании, кои инвестираа над 500 милиони евра и отворија над 5.000 нови работни места. Овие 100 милиони евра не се фрлени во празно, туку претставуваат реална поддршка за домашната економија. И во најтешки, кризни години, пари за транспарентна поддршка на инвестициите имаше. Но тоа е големата разлика од оние нула денари кои ВМРО-ДПМНЕ им ги „обезбедуваше“ на домашните компании во 2016 година. Како што тргнала работата, оваа поддршка повторно ќе биде нула“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

