Црна хроника
Претрес во Скопско, пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница
Вчера, во с. Страчинци, Скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Т. Ф. (33) од с. Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основниот кривичен суд во Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.
Притоа кај него бил пронајден и одземен кокаин.
По тоа, со наредба од Основниот кривичен суд во Скопје беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде што е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

