Црна хроника
И ја кршел колата на сопругата, брачна кавга во Аеродром

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека на 29.07.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг И.Ц.(39) ѝ упатил закани и со тврд предмет го оштетил нејзиното патничко возило, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Германски државјанин со украдено „бе-ем-ве“ фатен на границата со Косово

Вчеравечер во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Е.М.(31) од Германија .
При гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан 18-годишник со мотор удрил во возило, тешко повредена малолетничка

Синоќа околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, М.С.(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.
По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот М.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кражба на струја предизвика пожар на бандера и куќа во Чаир

Поради кражба на струја настанал пожар на бандера на ЕВН и куќа во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа сопственост на С.К.(63) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Екипа од ЕВН излегла на местото било констатирано дека со кабелот, кој го предизвикал пожарот, била вршена кражба на електрична енергија.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.