Македонија
Девет активни пожари во Македонија
Вчера имало вкупно 43 пожари, од кои 9 се активни, 4 се под контрола и 30 се изгаснати, соопштија од ЦУК.
ВКУПНО: 43
ИЗГАСНАТИ: 30
ПОД КОНТРОЛА: 4
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 9
1. Општина Пехчево: с.Негрево;
2. Општина Старо Нагоричане: с.Малотино и Жегљане;
3. Општина Кратово: с.Татомир;
4. Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен кон Раставувачи за струја;
5. Општина Свети Николе: с.Горно и Долно Ѓуѓанци, с.Строиманци, с.Ранченци;
6. Општина Пробиштип 1: с.Зелениград – с.Јамиште;
7. Општина Пробиштип 2: с.Стрисовци – с.Барбарево;
8. Општина Пласница: с.Пласница проширен кон с.Латово, Македонски Брод;
9. Општина Кочани: с.Пресека;
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Демир Хисар: Илинска Планина;
2. Општина Кочани: с.Главовица и Пониква;
3. Општина Свети Николе 1: с.Орел кон с.Мездра;
4. Општина Свети Николе 2: с.Ерџелија;
ИЗГАСНАТИ: 30
1. Општина Карбинци: с.Долни и Горни Балван, с.Трогерци;
2. Општина Македонски Брод: с.Слатина, Стојанова населба;
3. Општина Битола: с.Братин Дол;
4. Општина Дојран: помеѓу Стар и Нов Дојран, нас.Карач;
5. Општина Гевгелија: с.Моин – с.Ново Коњско;
6. Општина Охрид 1: нас.Далјан;
7. Општина Охрид 2: ул.Стив Наумов;
8. Општина Струга: с.Белица;
9. Општина Кичево: с.Туин;
10. Општина Кавадарци: с.Трстеник;
11. Општина Штип: нас.Баби;
12. Општина Виница: с.Липец;
13. Општина Пробиштип 1: с.Гајранци;
14. Општина Пробиштип 2: с.Пишица;
15. Општина Чешиново – Облешево: с.Теранци;
16. Општина Куманово 1: с.Романовце;
17. Општина Кавадарци 2: м.в.Ново село;
18. Општина Куманово 3: нас.Бабин Дол;
19. Општина Гостивар 1: с.Врапчиште;
20. Општина Гостивар 2: с.Мало Турчане;
21. Општина Гостивар 3: с.Балиндол;
22. Општина Гостивар 4: с.Вруток – с.Печково;
23. Општина Тетово 1: с.Камењане;
24. Општина Тетово 2: Мала Речица;
25. Општина Тетово 3: с.Челопек;
26. Општина Ѓорче Петров 1: Лепенец ;
27. Општина Ѓорче Петров 2: Лепенец;
28. Општина Петровец: автопат Скопје – Велес;
29. Општина Арачиново: с.Арачиново;
30. Општина Чаир: ул.Бајрам Шабани;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на композиторот Живоин Глишиќ и на ликовниот уметник Беди Ибрахим.

