Македонија
Вчера, 29 пожари во Македонија, пет сè уште активни
Вчера имаше вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати, соопштија од ЦУК.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 5
Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен;
Општина Демир Хисар – Охрид: Илинска Планина, с.Базерник;
Општина Гевгелија: с.Фурка кон Каравалија;
Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода, м.в.Темна Бука;
Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;
ПОД КОНТРОЛА: 3
Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила;
Општина Богданци: м.в.Погана према Ветерен Парк Богданци;
Општина Пласница: с.Латово;
ИЗГАСНАТИ: 16
Општина Радовиш: с.Подареш;
Општина Кочани: с.Пресека ;
Општина Босилово 1: с.Иловица;
Општина Босилво 2: с.Моноспитово;
Општина Свети Николе: с.Патетино;
Општина Македонска Каменица: с.Дулица;
Општина Студеничани: с.Студеничани;
Општина Гази Баба 1: с.Раштак;
Општина Гази Баба 2: с.Булачани;
Општина Битола 1: Кромберг и Шуберт;
Општина Битола 2: с.Лопатица;
Општина Прилеп 1: с.Селце;
Општина Прилеп 2: кај Метеоролошка станица;
Општина Липково 1: с.Слупчане;
Општина Липково 2: с.Отља;
Општина Липково 3: с.Матејче;
Општина Кичево: Комуналец Кичево;
Општина Гостивар: автопат Гостивар – Тетово ;
Општина Чешиново-Облешево: с.Теранци;
Општина Куманово 1: с.Четирце;
Општина Куманово 2: с.Љубодраг ;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Намалувавме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата
„Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект“, велат од СДСМ.
„Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне“, посочуваат од партијата и потсетуваат дека Владата на СДСМ минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра.
„Во соседна Србија поевтинија 700 производи, слично е во Црна Гора. Ова што го донесе како мерка Владата на Мицкоски граѓаните нема ни да го осетат и тоа е доказ дека тој нема никаков интерес да се грижи за стандардот на граѓаните. За прв пат денес стигна и информацијата дека просечната плата за јули бележи пад од речиси 1000 денари по пет години постојан раст. Се намалуваат платите, цените остануваат високи. Граѓаните заслужуваат фер третман и вистинска грижа“, завршуваат од СДСМ.
Македонија
Укината забраната за движење во шуми
По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште.
Македонија
Мицкоски: Работиме штипската болница да биде изградена во најбрз рок
„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеци токму од пред штипската Клиничка болница и тогаш реков во овој мандат таа ќе биде завршена. Работиме на модел. Медицинско-техничко-економски модел којшто е во фаза на, би рекол, развој и очекувам дека до крајот на оваа година сето тоа ќе биде завршено и веќе од почетокот на следната ќе почнеме со градење на Болницата“, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното новинарско прашање при посетата на Штип, во однос на изградбата на Клиничката болница и додаде:
„Проблемот е што пари нема. Парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за Болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба таква каква што е, но тоа е што е, тука е, нѐ гласале граѓаните, да немаме оправдување, туку да работиме, да ја направиме работата подобра. Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање, и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања на Законот, само за да можеме да ги одглавиме многу проекти за коишто се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време. Тоа правиме, иновираме, се трудиме да најдеме начин за сето ова го задвижиме и ќе успееме. Ќе успееме, јас сум оптимиста дека ќе успеаме“, дополни тој.