Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот што го правеле

ДУИ не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе не може да вртат милионски бизниси на грбот на државата. Додека народот врзуваше крај со крај, синот на Муса Џафери тргуваше струја, а МЕПСО на него и на неколку други фирми им отпиша долг од 14 милиони евра. Додека народот се иселуваше внуците на Али Ахмети ја преземаа Соравија, влегуваа во бизнисот со струја и во рудници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата и народот да страдаат. Одговорност ќе има“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Нов пожар избувна кај тетовско Желино

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино.
Повеќе информации се очекуваат подоцна во текот на денот.
Претходно денеска Ангелов кажа дека нема активни пожари. Тој информираше и дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и главниот обвинител Коцевски, играа пинг-понг во јавноста, се до моментот кога тој требаше да си замине од позицијата, па СДС мораше јавно да истапи и да го брани, за да се спасат себе си. Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДС. Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него“, вели Петрушевски.
Тој додава дека „на фолирањето на СДС му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па СДС мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција“.
„Сега е многу очигледно и зошто СДС држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос. Сите обиди за хаос и сценарија на СДС се изјаловија. Секој може да види каде е вистината, а таа е дека СДС го спаси главниот обвинител Коцевски, кој има задача да ги спасува нив од одговорност, но и да им креира наративи за политички прес-конференции, како во случајот со Кочани“, истакна пратеникот Петрушевски.
Македонија
АМСМ: На Табановце се чека 40 минути, на Богородица и Дојран околу еден час

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце околу 40 минути и ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 1 час“, велат од АМСМ и додаваат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “ Салида “), ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03 август (недела) од 07.00 часот до 06 август (среда). Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.