Црна хроника
Автомобил излета од пат кај Лабуништа, повредени четири лица

Вчера околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с.Лабуништа, струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.А.(2) од с.Лабуништа, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.Х. од Ресен, А.Ш. од Охрид и А.Х. од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Татко со двајцата синови натепал маж во Батинци, едниот го удирал со камен додека лежел на земја

Скопското Обвинителство отвори истрага за татко и неговиот 18-годишен син, осомничени за насилство. Поведена е постапка и против вториот син на возраст од 15 години во согласност со Законот за правда за децата.
Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден оштетен во селото Батинци и започнале да му се закануваат, поради претходна расправија на оштетениот со детето. Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото.
Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите. Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните сторители.
Црна хроника
Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил

Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево.
Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух

Расправија помеѓу двајца скопјани завршила со пукање во воздух во Чаир.
МВР информира дека случајот бил пријавен вчера, а во расправаијата учествувале М.Х.(35) и Е.Џ., двајцата од Скопје, по што Е.Џ. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.