Контакт

Спорт

Тешки денови за Галагер, Челси му нареди да се врати во Лондон

Објавено пред

Конор Галагер, фудбалерот на Челзи, се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

dobivaj vesti na viber

Медиумите на Островот пренесуваат дека челниците на Челси му наредиле на играчот да се врати во Лондон од Мадрид по пет дена чекање да се комплетира трансферот во Атлетико Мадрид.

Шпанците претходно се договорија со Челзи да платат 40 милиони евра, но откако на „Метрополитано“ пристигна Хулијан Алварез од Манчестер Сити, ќе мора да продадат еден играч, пред да го купат Галагер.

Интересно е што новиот менаџер на Челзи, Енцо Мареска не смета на него во новата сезона, но добил порака да се врати во Англија додека не се реши ситуацијата.

Челзи е многу активен на пазарот ова лето и се уште не е готово, а заинтересирани се и за неколку играчи од Атлетико.

Главниот фокус е на напаѓачот Жоао Феликс, кој во сезоната 2022/23 играше за сините како позајмен играч и постигна четири гола на 20 натпревари.

Што ќе биде со Галагер останува да видиме, но како што стојат работите се ќе зависи од следните потези на Атлетико поврзани со продажбата на своите играчи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Галатасарај со Осимен го растури Фенербахче на Жозе Мурињо

Објавено пред

Во големото дерби на турскиот фудбал, актуелниот шампион Галатасарај победи со 3:1 на стадионот на Фенербахче. Галатасарај има шест победи со што го изедначи најдобриот старт на клубот во Супер лигата.

dobivaj vesti na viber

Гостите поведоа во 21. минута со автоголот на Доминик Ливаковиќ. Топката по ударот на Лукас Тореира се одби од стативата се одби од грбот на Ливаковиќ и заврши во голот.

Осум минути подоцна беше 2:0 за гостинскиот тим, а во главните улоги беа двајца поранешни играчи на Наполи.

Виктор Осимен, големото засилување на Галата оваа сезона, атрактивно со гради му асистираше на Дрис Мертенс, а ветеранот ја зголеми предноста на својот тим.

Кога во 60. минута 20-годишниот Бразилец Габриел Сара зголеми на 3:0, јасно беше дека Фенербахче ќе го доживее првиот пораз сезонава.

Две минути подцна Џеко од пенал постигна гол за Фенербахче. До крајот на мечот Фенербахче напаѓаше, имаа играчите на Жозе Мурињо две добри шанси но резултатот остана 1:3.

Галатасарај по првите шест кола има исто толку победи, на табелата има пет поени повеќе од Фенербахче.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шаховска партија во Торино, Јуве и Наполи ремизираа без голови

Објавено пред

Фудбалрите на Јувентус и Наполи го разочараа фудбалскиот аудиториум во Италија, одиграа без гоови во дербито.

dobivaj vesti na viber

Првото полувреме мина во јалова иницијатива на Јувентус. Повеќе се играше на половината на Наполи, но без конкретна шанса за гол.

Во вторито дел Јувентус тргна поофанзивно кон голот на Наполи и со тоа покажа дека сака да победи.

Свои шанси имаа Веа и Јилдиз, но како се ближеше крајот на натпреварот се поизвесно беше дека ова дерби ќе заврши без голови.

Ова е трет натпревар во низа кој Јувнетус го одигра без голови. Избраниците на Тиаго Мота сепак не примија гол во домашниот шампионат.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Миовски стартер, Џирона загуби во Валенсија

Објавено пред

Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.

dobivaj vesti na viber

Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.

Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа9 часа

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија10 часа

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија11 часа

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа12 часа

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија12 часа

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија13 часа

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија14 часа

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија15 часа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија2 дена

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија2 дена

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија2 дена

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија2 дена

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет2 дена

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет2 дена

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет2 дена

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...