Топ
19-годишник со „хонда“ удри во бетонски ѕид, со тешки повреди пренесен во Клиничката болница во Штип
Денеска во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во село Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.С. од Кочани, удрило во бетонски ѕид, извести МВР.
„Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП
Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие.
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.
Со ова, како што велат од Владата, се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.
Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.
Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, соопшти владината прес-служба.
Македонија
(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето
Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците.
Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата во вербална расправија влегоа пратеникот Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
Апасиев извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство.
Интервенира и собраниското обезбедување на повик на собранискиот спикер.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да не прерасне вербалниот инцидент во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и да даде 10-минутна пауза.
Македонија
Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер
Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња.
Во изјавата по отворањето на првата конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан, организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.
Агелер нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.
„Црната листа на САД е многу динамична, постојано се разгледуваат и се дискутира за имиња. Јас ја немам временската рамка бидејќи тоа е одлука на Вашингтон. Но можам да ве уверам дека додека зборуваме, има одреден број имиња што се земени предвид и како и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата и ќе се погрижиме да дознаете кога тоа ќе се случи“, изјави амбасадорката.
Последни што се најдоа на црната листа на САД од земјата беа поранешната шефица на згаснатото специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски.