Спорт
Милнер влезе во историјата на Премиер лигата
Брајтон со победата против Евертон ја почна новата сезона во Премиер лигата, а фудбалерот Џејмс Милнер влезе во историјата на англискиот фудбал.
Триесет и осумгодишниот фудбалер ја почна својата 23-та сезона во Премиер лигата и стана рекордер на, според многумина, најголемото домашно натпреварување на планетата.
Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година во Лидс Јунајтед, а потоа играше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и минатата сезона Брајтон.
Три пати Милнер беше шампион на Англија. Тоа го направи двапати со Сити и еднаш во Ливерпул. Во Премиер лигата има одиграно 634 натпревари и има постигнато 55 голови и 87 асистенции.
Колку е искусен и легендарен играч Џејмс Милнар најдобро говори податокот дека неговиот сегашен менаџер во Брајтон, Германецот Фабијан Хурцелер имал само девет години кога Англичанецот настапувал во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион
Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта.
Лазов, кој го почна турнирот со рејтинг 2360, освои 7,5 поени од осум партии и со рејтинг-перформанс 2763 заврши втор на втората табла, зад олимпискиот првак, велемајсторот Таи Даи Ван Нгујен од Чешка со 2783, а бронзата му припадна на Едиз Ѓурел од Турција со 2755.
Пред 24-годишниот неготинец капитулираа велемајсторите Качпер Пјорун (рејтинг 2599) од Полска и Јаник Пелетје (2526) од Швајцарија, ИМ Аделард Баи (2378) од Тајван, ФИДЕ-мајсторите Диого Алјо (2192) од Зеленортските Острови и Рикардо Ернесто Чавез (2185) од Ел Салвадор, кандидат-мајсторот Џејмисон Едрих Као (2125) од Хонгконг и Коси Тиери Егбе (1847) од Того. Единственото реми го забележа против ВМ Јорден ван Хорест (2696) од Холандија.
Ова е четврти поединечен медал за Македонија на шаховските олимпијади по бронзениот на учителот на Лазов, ВМ Трајко Недев, во Ереван 1996 со 8 поени од 11 партии како резерва, златниот на ВМ Драгољуб Јаќимовиќ на третата табла во Истанбул 2000 со 7/9 и среброто на ВМ Владимир Георгиев на третата табла во Калвија (Шпанија) со 9/12.
Македонија во Будимпешта го освои 61. место во конкуренција на 188 машки селекции со 6 победи и 5 порази.
Златниот медал ѝ припадна на Индија, сребрениот на САД, а бронзениот на Узбекистан.
Спорт
Рикиардо: Ако навистина е крај, гордо ја напуштам Формула 1
Возачот на Формула 1 Рејсинг Булс (Тим РБ), Даниел Рикиардо, изјави дека бил преплавен од емоции за време на трката во Сингапур, потенцијално последна за Австралиецот во најбрзиот караван.
Рикиардо заврши на 18. место во Сингапур, цел круг зад победникот Ландо Норис во Мекларен.
Добро информираните претставници на медиумите, меѓу кои и поранешните Формула 1 асови и поранешните членови на програмата на Ред Бул, веруваат дека Лиам Лосон ќе го замени Рикиардо до крајот на сезоната.
Запрашан да ги коментира најавите наводи, Рикиардо изјави дека е задоволен од постигнатото, иако не добил можност да ги исполни своите шампионски амбиции во конкурентен болид.
„Постои можност дека ова беше мојата последна трка во Формула 1. Ако ова е крајот, јас сум спокоен со начинот на кој ќе заврши мојата Ф1 кариера. Тоа дефинитивно ќе им се случи на сите возачи во одреден момент“, изјави Рикардо и додаде:
„Се обидов да се вратам во Ред Бул, но не успеав. Потоа се запрашав, ако веќе не се натпреварувам за подобар пласман, што навистина се обидувам да постигнам? Горд сум на моите 14 години во Формула 1, дури и ако немам бајковит крај на мојата кариера“.
Во Формула 1, Рикардо возеше за Торо Росо, претходникот на тимот за кој моментално се натпреварува, Ред Бул, Рено (претходник на Алпин) и Мекларен.
Спорт
Прекинат мечот во Кавадарци, од Тиквеш тврдат дека судијата ги оштетил
Фото/ https://www.facebook.com/FCTikves1930Kavadarci
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе има многу работа во врска со вчерашниот натпревар во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар.
Вардар имаше предност од 71.минута кога прекрасен го постигна Закариќ, Тиквеш во 6.минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. Одлуката ги разгневи домашните фудбалери и публиката, помошникот судија Гоце Петрески, кој покажа офсајд беше погоден од трибините, пораи што Александар Ставрев го прекина натпреварот.
Од Тиквеш тврдат дека се оштетени, дека им бил поништен регуларен гол и го обвинија судијата Петрески дека симулирал повреда.
Дополнително од Фудбалскиот клуб Тиквеш го обвинија и Комесарот за делегирање контролори, Марјан Кировски. Според нив, Кировски им праќал видеа на членови на раководството на Вардар подготвувајќи им текстови за одбрана на судиите.
„Комесарот за делегирање на контролори во ФФМ – Mарјан Кировски му ги праќа видеата на Миленко Неделкоски и му спрема текстови за објава во заштита на судиите од Скопје. Бараме од раководството во ФФМ да поднесе одговорност против Кировски и негово разрешување од функцијата за очигледен поткуп и местенка притив Тиквеш !!!“ – се вели во соопштенито од Тиквеш.