Спорт
Брајтон купи напаѓач за 47 милиони евра
Брајтон го официјализираше трансферот на 22-годишниот француски напаѓач, Жорожињо Рутер.
Рутер во Брајтон пристигна од Лидс со обештетување од 46,7 милиони евра, потпиша договор до јуни 2028 година.
Кариерата, Рутер ја започна во Рен, кој го напушти во февруари 2021 година и се пресели во германски Хофенхајм за 750.000 евра. Во април минатата година, Лидс го купи за 41 милион евра.
Минатата сезона одигра 45 натпревари во Чемпионшип и постигна шест гола, но имаше и 15 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) По гол и по бод за Челси и Арсенал во дербито на колото
Фудбалерите на Челзи и Арсенал освоија по еден бод во градското дерби, одиграно во 11. коло на Премиер лигата. Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ заврши 1:1. Челзи има само една победа на последните десет натпревари против Арсенал.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а конечниот исход не им оди во прилог на клубовите од Лондон, со оглед на тоа што водечкиот Ливерпул сега има девет бода повеќе, Манчестер сити е втор со 23, а „црвените“ од „Енфилд“ се први со 28 бодови.
Во првиот дел „сините“ имаа голема шанса да поведат преку Мало Густо, но резултатот не се смени исто се случи и по ободот на Габриел Мартинели.
Арсенал ја затресе противничката мрежа во 32. минута, но ВАР покажа дека Каи Хаверц бил во офсајд.
Второто полувреме беше многу поинтересно, со поголем квалитет и интензите во играта.
Гостите поведоа во 60. минута со голот на Мартинели, четврти во Премиер лигата за Бразилецот оваа сезона. Мартин Едегор асистираше во вистински момент, Бразилецот ја избегна офсајд замката и со удар кон првата статива го совлада Санчез.
Водството на Арсенал траеше 10 минути. Иницијативата Челзи ја круниса со првиот гол на Педро Нето во дресот на „сините“ во Премиер лигата. Засилување на клубот од „Стемфор Бриџ“ од Вулверхемптон со одличен удар од нешто повеќе од 20 метри го совлада Дејвид Раја.
На истекот на натпреварот Вилијам Салиба имаше многу шанса да ги шокира домаќините, но неговиот удар заврши крај голот.
Челзи во следното коло гостува кај Лестер, а Арсенал ќе го пречека Нотингем.
Спорт
Ракометарите поразени во Литванија во квалификациите за пласман на ЕП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија доѓивеа пораз во Литванија (29:27) во второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство.
Избраниците на Кирил Лазаров, како и пред четири дена против Естонија во Скопје, одиграа натпревар со премногу осцилации. Против Естонија победија, но во Литванија не може да извадат поволен резултат.
Токму таквите осцилации, загубените топки и литвакскиот голман Рашимас ја однесоа Македонија во пораз.
Литваците беа подобри во првто полувреме, ја имаа и најголемата предност на натпреварот од четири гола (9:5). Македонија успеа да фати приклучок и на полувреме да замине само со гол негатива.
Во вториот, македонските ракометари имаа предност (15:14 и 19:18), но попуштија во последните 12 минути.
КУзмановски со осум и Серафимов со пет гола ги предводеа стрелците кај Македонија, додека голманот Кизиќ имаше 10 одбрани. На спротивната страна апсолутен херој стана голманот Рашимас со 15 интервенции.
Квалификациите за пласман на Европското првенство ќе продолжат наредната година, на 12.март Македонија ќе ја пречека Словенија.
Спорт
Рома го отпушти Иван Јуриќ
Иван Јуриќ (49) доби отказ од Рома по денешниот пораз од Болоња на „Олимпико“ со 3:2.
Јуриќ ја презеде Рома на 18 септември од Даниеле Де Роси, а во сите натпреварувања оствари учинок од четири победи, три нерешени и пет порази. Рома ја остава на 12. место во Серија А со 13 бодови, а во Лига Европа римјаните се на 20. место со пет бода и скор од една победа, две нерешени и еден пораз.
Рома под негово водство играше лош и неефикасен фудбал, а на Јуриќ му пресуди очајната форма во италијанскиот шампионат во последните пет натпревари. Рома во тој период загуби четири пати. Покрај тоа, тој се скара и со најдобриот играч Пол Дибала, го отстрани од тимот, поради што Аргентинецот не играше против Болоња.
Последните пет натпревар на Рома во Серија А:
Рома – Болоња 2:3
Верона – Рома 3:2
Рома – Торино 1:0
Фиорентина – Рома 5:1
Рома – Интер 0:1
Јуриќ во кариерата ги водеше Мантова, Кротоне, Верона и Торино, а во три наврати беше и тренер на Џенова. Пред Рома три сезони го водеше Торино