Спорт
Ѓорческа елиминирана од квалификациите за Ју-ес опен

Лина Ѓорческа испадна од квалификациите за Ју-ес опен. Најдобрата македонска тенисерка во два сета доживеа пораз од Аргентинката Јулија Риера од Аргентина (7-6(4), 6-3). Мечот траеше 96 минути.
Ѓорческа (193 на ВТА листата) одчично го започна мечот против 122. на ВТА листата, Риера. Направи брејк во раната фаза на мечот, имаше предност 4:1 и тука застана. Аргентинката се врати во сетото, кој потоа го доби во тај-брејкот.
Вториот сет го реши брејкот кој го направи Аргентинката во осмиот гем. Потоа лесно го заврши мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невил: Керкез како да е фудбалер од младинскиот тим

Фудбалерите на Ливерпул забележаа три последователни порази по повеќе од две години. Тимот на менаџерот Арне Слот беше поразен со голови во судиското продолжение против Кристал Палас и Челзи во Премиер лигата, додека Галатасарај беше подобар од „црвените“ во Лигата на шампионите.
Голем број играчи на актуелниот шампион на Англија не се во добра форма, ова може да се каже за сите засилувања, освен за Уго Екитике.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како стручен коментатор, по дуелот со Челси го критикуваше левиот бек Милош Керкез.
„Морам да бидам искрен, момчето Керкез изгледа како играч од младинскиот тим. Знам дека е добар играч, но изгледа како да игра за тимот до 21 година, за младинскиот тим. Како да е во академијата. Изгледа толку наивно… Како да е бебе на теренот. Сите 50- 50 дуели ги изгуби против Нето од другата страна. Мислам, играл во Премиер лигата, искусен играч е во Премиер лигата, не е како да доаѓа од друга земја. Има многу натпревари зад себе. Веќе очекував да се вклопи. Прво, игра покрај Вирџил ван Дајк, најдобриот дефанзивец во светот“, рече Невил.
Киеркез минатото лето пристигна в Ливерпул од Бортнмут во траснфер вреден 50 милиони евра.
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација на Ред Бул

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина.
Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза закрепнувањето по страшната несреќа што се случи минатата недела.
An unfortunate teammate wipeout with bigger consequences for @88jorgemartin 💥
Hoping for a fast recovery ❤️🩹#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/VUX493BR6n
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 27, 2025
Центарот во Салцбург со години се смета за едно од најмодерните места за рехабилитација на професионалниспортисти и токму таму Мартин ќе бара излез од најтешката сезона во неговата кариера.
Според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од патеките најмалку две недели. По пропуштената трка во Индонезија, Шпанецот нема да биде во конкуренција за трката во Австралија, додека реално е да се врати за Големата награда на Малезија, која се одржува од 24 до 25 октомври.
Mega day with @GBSnowsport visiting @redbull Athlete Performance Center and Hangar-7 #restday #highperformance #redbull #salzburg pic.twitter.com/1BfqJs74KX
— Sophie (@Sophie_T_SEM) February 25, 2023
Секако, сè ќе зависи од неговото закрепнување во Салцбург, а доколку работите се искомплицираат, враќањето би можело да се одложи до последните две трки од шампионатот – Португалија и Валенсија.
Дотогаш, Априлија ќе се потпира на услугите на тест-возачот Лоренцо Савадори.
Спорт
Џерард се враќа на „Ајброкс“?

Стивен Џерард е главен кандидат за нов тренер на Глазгов Ренџерс по отпуштањето на Расел Мартин, тврдат британските медиуми.
Ренџерс вчера донесоа одлука да се разделат со менаџерот Расел Мартин по само 17 натпревари на клупата, во кои клубот оствари само пет победи.
Џерард, кој ги водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2020/21 за време на неговиот претходен мандат, со што ја прекина долгогодишната доминација на Селтик.
По заминувањето од Глазгов, поранешниот капитен на Ливерпул ги водеше Астон Вила, а потоа и Ал Етифак од Саудиска Арабија. Тој моментално е слободен тренер и, според медиумите, е подготвен да се врати на „Ајброкс“.
Ренџерс моментално се наоѓаат на осмото место во Шкотското првенство, 11 бода зад лидерот Хартс, а по паузата за репрезентативни натпревари клубот ќе биде домаќин на Данди Јунајтед во обид да направи пресврт во сезоната.
Ренџерс вчера одиграа 1:1 против Фалкрик, голот за „Полицајците“ го постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.